Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.153
Поени од реакции
37.714
Ќе ја префрлам темата тука, да не коментирам таму. Немам зборови да го опишам филмот, одлично си го доловил. Не паметам кога последен пат сум гледал филм да ми остави грутка во грло. Баш сцената што ја спомна на крајот кога се гледаа 2 минути... леле!

Најголемиот дијалог во филмот беше баш во тие погледи и тишината. Свесен бев дека нема да се случи тоа што веројатно сите очекувавме, ама крајот беше баш како што му доликува на ваков филм.

Иако малку каснам со крајот/почетокот на филмската година, ама ова е дефинитивно филм у топ 5 што би го сместил. Не паметам кога вака сум уживал во тишината. Браво, masterpiece... 10/10.
Past Lives е мало инди ремек дело! Многу ги сакам ваквите филмови. Штета што ќе помине незабележано на Оскарите, иако е номиниран за најдобар филм во друштво со "блокбастери" како Oppenheimer, Killers of the Flower Moon, Barbie... што според мене не можат ни да се доближат до енергијата која ова мало филмче ја поседува. За мене уште е најдобриот од 2023. И тешко дека ќе најдам подобар.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.547
Поени од реакции
29.136

Од 2023 е дефинитивно број 1, Барби е срамота и да се спомне тука. Тешко дека ќе дојде до израз со вакви блокбастери во иста категорија, ама пријатно ќе бидам изненаден ако сум грешка. Сакам да изненади и да ги покоси останативе, 2 номинации има, ама заслужува една победа.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.547
Поени од реакции
29.136
На Холивуд законски треба да им се забрани да снимаат филмови за историски личности кои биле од некое значење или оставиле некакво наследство врз човештвото.

Ферари, освен Адам Драјвер кој беше фантастичен, филмот е тотално дно. Пичка ли ви материна како успеавте од таква приказна да снимите филм кој пола е за тоа дали ќе го признае синот, а другата половина од тркање кое е бетер него ли Југо трките на водно што беа. Хк пу, 5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.153
Поени од реакции
37.714
Конечно го гледав Oppenheimer. Добра драма, солидна и цврста 8/10. Но морам една забелешка - проблемот во филмовите на Нолан ми е музиката најчесто. Поточно нејзината прекумерна употреба, зашто и тука музиката си е врв и заслужено си има добиено номинација. Но, според мене музика во филм или отсуство на музика во филм имаат огромен ефект во градењето на позадината на филмот и во самата приказна. Музиката служи за да засили некое чувство или нејзиното отсуство да донесе некое чувство на празнина. Кај Нолан постојано има музика, од почеток до крај. Во филмови ко Inception, Interstellar, Tenet, па дури и Dunkirk тоа не смета толку, зашто ти дава чувство на забрзаност, ти го зголемува немирот додека гледаш и сето тоа е во функција на тие филмови. Но тука не. Ова е драма, наместо да биде смирено се, down to Earth, музиката тука ме правеше да се чувствувам ко во секој момент да ќе се случи некоја кулминација, а таа изостанува секогаш. И затоа ми ствараше анксиозност. Многу чуден манир му е ова со музиката, да негов заштитен знак е, ама мислам дека мора да стави знак стоп понекогаш, не може темпото на филмот да е исто напнато од почеток до крај.

Инаку, филмот има убава порака, визуелно многу ми се допаднаа сцените со вселената, делењата на атомите и сл. И разговорот на Опенхајмер со Ајнштајн, исто така. Многу е јако што во филмов кастот е ѕвезда до ѕвезда. Дури и ликовите по 2 минути што се појавуваат на екран се поранешни оскаровци, номинирани за Оскар и освојувачи на секакви награди кои значат нешто во филмската уметност - момент кој говори многу за тоа кој е Нолан во Холивуд. Убав филм, но пак ќе речам: мораше тонот на филмот да биде со многу повеќе варијации, магнитуди.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.547
Поени од реакции
29.136
[CrnaBerza]Nedelja.mp4

Денес качен, побрзајте додека не го тргнале, иста ситуација беше со Toma пред некоја година.
Не сум љубител на оваа музика, ниту пак она на Тома, ама да бидам искрен и двата филма се одлични. Од нивната сцена ги знам повеќето познати песни затоа што израснав по кафани од родендени и прослави. Скоро ништо не знаев ни за Тома ни за Џеј, ама приказните допираат без разлика за каков гледач станува збор. Се надевам и ние некогаш ќе направиме нешто за нашите малубројни ѕвезди, или филм кој ќе остави поголем впечаток, а да не е Турско...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.153
Поени од реакции
37.714
Не сум љубител на оваа музика, ниту пак она на Тома, ама да бидам искрен и двата филма се одлични. Од нивната сцена ги знам повеќето познати песни затоа што израснав по кафани од родендени и прослави. Скоро ништо не знаев ни за Тома ни за Џеј, ама приказните допираат без разлика за каков гледач станува збор. Се надевам и ние некогаш ќе направиме нешто за нашите малубројни ѕвезди, или филм кој ќе остави поголем впечаток, а да не е Турско...
Мене не ми се допадна Недеља. Филмот не е за Џеј, туку за другарите криминалци негови. Инаку секоја чест за кастингот, актерот не да личи, ко да го извадиле од мртвите. Приказната да, допира, особено последните сцени, но очекував малку повеќе за Џеј. Филмот всушност завршува тогаш кога славата на Џеј започнала. Ама веројатно понатака немало скандали, немало драми, немало за што да се направи филм, па така... Дури и музиката на Џеј ја нема: само 3 песни, се останато е Оливер Мандиќ, Мухарем Сербезовски и Цеца „за крај“. :P Не знам, очекував многу повеќе, а ме разочара.
 
Не знам, веројатно си во право затоа што скоро ништо не знам од неговиот живот, само Оливер Мандиќ го препознав затоа што 10 пати го пуштија. Ни Цеца не ја приметив дур не ми кажа мајка ми. Ниту таа продуцентката ниту тој дебелиот менаџер ги знам, ама да во споредба со Тома, тука приказната имаше поинаков правец. Последните сцени мене ми беа ептен тажни, поготово приказната со брат му.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.153
Поени од реакции
37.714
Ниту таа продуцентката ниту тој дебелиот менаџер ги знам, ама да во споредба со Тома, тука приказната имаше поинаков правец.
Марина Туцаковиќ и Фута. Марина беше текстописец, Фута е композитор и продуцент (маж и жена беа), кај нас позната како авторка на сите српски текстови од албумот „Ако ме погледнеш во очи“ на Тоше Проевски. Има соработувано речиси со цела српска естрада, а најмногу со Цеца, Џеј, Лепа Брена, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Здравко Чолиќ, Зана, Оливер Мандиќ (му била и девојка пред да го запознае Фута). Може ти е позната од таму некаде втора половина на 2000 години, по тоа шоуто Операција трујумф каде беше Александар Белов од кај нас. Таа беше член на жирито во првата половина, ама таму некаде кон средина на шоуто го пронајдоа син и мртов па се повлече. Марина почина од компликации од Covid-19 во 2021, зашто се лечеше и од рак, а во 2022 и другиот нејзин син го најдоа мртов. Доста популарен лик на српската естрада беше, буквално секоја втора песна што ја знаеш од Србија - текстот е нејзин. Преку 4000 песни напишала. :D

Песната на Цеца „За крај“ е посветена на двајцата - Џеј и Марина. Инаку Марина е авторка на текстот.
Последните сцени мене ми беа ептен тажни, поготово приказната со брат му.
Не му бил брат. Србите и за братучед викаат брат. Брат од тетке, значи прв братучед, криминалец од Белград, исчезнал почетокот на 90-тите, уште не е потврдено кој го убил.
 
Да за Марина сфатив на крај од текстот што го дадоа па ја гуглав до сеа, у главном многу тажна прича. Инаку филмот се вика Недеља, а сепак песната само еднаш се изведе на крај и многу малку инфо за неа, за лаик како мене беше голем минус.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Може ти е позната од таму некаде втора половина на 2000 години, по тоа шоуто Операција трујумф каде беше Александар Белов од кај нас. Таа беше член на жирито во првата половина, ама таму некаде кон средина на шоуто го пронајдоа син и мртов па се повлече.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.226
Поени од реакции
8.335
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.656
The Greatest Night in Pop (2024)

Цел документарец за една песничка снимена од полноќ до 6 сабајле, од најголемите имиња на музичката поп-сцена во средината на 80-те. Оваа песничка:

Топло филмче за 40-на музичари кои го оставаат егото пред влезната врата и иако изморени, работат и се дружат до утрото за хуманитарна кауза. Во 80-те овие работи беа вистински, неполитизирани, денес сето ова би било поинаку и каузата веројатно би била погрешна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom