Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Џони Деп наводно се вратил у Пиратите. 300 милиони причини имал за тоа.

Едвај чекам да ја запознаам партнерката у филмот што ќе му биде. Која ќе го води низ филмот и спасува, која ќе му кажува што треба да прави и која несомнено ќе го заземе неговото место во следниот филм.
 
latest


Режисерката на Star Wars: The Acolyte, личен асистент на Харви Вајнстин, фигурира на листите на Епстин.

GL Disney, hf.


Со кој памет Кенеди регрутира личен асистент на Вајнстин?
Знам, со истиот памет со кој стави режисер на најскупата франшиза да биде новинар - активист, а не стручњак.
......

Рано утрово, 8.1., на доделувањето на Златните глобус, Лили Гледстоун ја доби наградата за најдобра актерка во драма за „Убијци на цветната месечина“. Со тоа влезе во историјата како првиот домородно американски актер кој го добива престижното признание.


Секоја демографска група треба да добие награда. Жени, хендикепирани, трансексуалци, Баскијци, водоинсталатери и други кои никад не добиле.
Ми се присра.
 
Последно уредено:

Ги имам гледано сите филмови на Farrelly Brothers освен овој и решив да го гледам денес.
Одлична комедија,се искинав од смеење,штета што повеќе не се прават вакви филмови.
 
Одличен избор на наградени на Златни Глобуси.

Anatomy of a fall е фантастичен.
 
Го репризирав Cape Fear, колку јак филм од навидум плитка приказна. Де Ниро изгази и дефинитивно ако не земал Оскар таа година бил опљачкан. Кинематографија и режија нереална од нормално Скорсезе.
 
Слабо гледан според леттер не дека некое мерило е тоа ама јбг


 
Барам еден филм дали е можно негде онлајн да се гледа, Сенките на караваџо?
 
@tzlatko и јас тоа го размислував до некаде во право си. Бев на 3 места со иста клима како мојава и со послабиот модел исто видов. И даикин видов, панасоник, скапи модели.
Филмов бил мој, океј е климава.
Вие имате поголемо искуство од клими, јас прв пат користам клима годинава, така да, не ми замерувај :rolleyes:

Според мое искуство, монтажата подалеку од прозор, и за Шораиво во право е @filipinec 5 метри и повеќе цевка. Додуша истиве звуци ги имаше кај Даикин, што се зачудив, со 3 метри цевки, кога ќе работи на 500W некаде. Овие со повеќе плусови дали имаат некој дефрост додека работи незнам.

Бев кај еден другар Haier Tundra како твојата само 5 и полка. Се топли цела зима, нема изолација, пвц дограма, нема некоја забелешка, топ си ја брка работата. Простор некаде 30 квадрати.
 
Past Lives - Celine Song (2023)

Прегледај го приврзокот 400122

Одамна немам пишано во оваа тема, одамна немав гледано нешто вака добро! Оскаровската сезона за мене започнува со Past Lives (поточно, почна со Barbie пред некое време, ама тоа не беше достојно за да се спомене). Ги обожавам ваквите малечки филмчиња каде кадрите зборуваат повеќе од дијалогот! Не дека тука немаше дијалог - напротив, цел филм е изграден на база на дијалогот, зашто ништо особено не се случува. Но сепак имаше сцени во кои тензијата беше во погледите, во воздишките, во чекорите, во очите... И во тишината. А тоа за мене го прави еден филм величествен.

Past Lives е нешто налик Before... трилогијата на Линклејтер. Некоја корејска верзија на Before... Само што тука не се три филма, туку 3 во 1 филм. Се работи за две сродни души од Сеул, Нора и Хае Сунг, кои растат заедно, дишат заедно, се надополнуваат заедно и за кои е очигледно е дека им е пишано да бидат заедно. Но семејството на Нора одлучува да се пресели во Канада, по што патиштата им се разидуваат (слично како во сцената во филмот - Нора се искачува нагоре по скалите, Хае Сунг на спротивна страна по една блага нагорнина). Некоја игра на случајност ги спојува повторно по 12 години и за крај уште еднаш по нови 12 години. И толку е. Тоа е приказната. Нема случувања, нема WOW моменти. Нема плот твистови, заплети и расплети. Има само моменти на неверојатна и искрена поврзаност кои ја издигнуваат оваа едноставна приказна на неверојатен, човечки начин. Има една сцена некаде пред крајот на филмот кога Нора и Хае Сунг стојат еден до друг, па свртени еден кон друг која трае 1 до 2 минути и во која не се случува буквално ништо - обајцата буквално само стојат еден покрај друг. Но тензијата која доаѓа до тебе не може да се мери со тензијата во огромен дел од филмовите во кои се случува десетпати повеќе од тука.

Моќно, навистина моќно! 10/10
Ќе ја префрлам темата тука, да не коментирам таму. Немам зборови да го опишам филмот, одлично си го доловил. Не паметам кога последен пат сум гледал филм да ми остави грутка во грло. Баш сцената што ја спомна на крајот кога се гледаа 2 минути... леле!

Најголемиот дијалог во филмот беше баш во тие погледи и тишината. Свесен бев дека нема да се случи тоа што веројатно сите очекувавме, ама крајот беше баш како што му доликува на ваков филм.

Иако малку каснам со крајот/почетокот на филмската година, ама ова е дефинитивно филм у топ 5 што би го сместил. Не паметам кога вака сум уживал во тишината. Браво, masterpiece... 10/10.
 
Back
На врв Bottom