Моментално на Star Life се дава Есен во ЊуЈорк (Autumn in New York) со Ричард Гир и Винона Рајдер, онака ептен просечна тажна романтична драма... Е овој филм, памтам уште како копиљ на секој блок реклами по нашиве телевизии го најавуваа дека се дава во нашите кино сали. Овој филм и Чикаго со Рене Зелвегер (и повторно Гир) буквално ми се зачувани во мозокот, и ден денес имам некое си носталгично гадење кога ќе ги начекам по филмскиве канали.
Есен во ЊуЈорк го имам еднаш гледано од чиста љубопитност (иако знам какви му се повеќето филмови на Гир и без да ги видам) и изгубив скапоцени 2 часа од мојот живот, додека Чикаго не ни планирам да го гледам.
Ма каков Хари Потер и Господар на прстените, овие два филма беа блокбастери во Македонија пред 20 и кусур години.