Го имам гледано тој филм мило заедно со тој Европа или како и да се викаше ги учевме на факултет но секогаш сум среќен дека ме мислиш. Само последниот од Трир мислам дека ми фали, ама според она што го видов е така малку брутален за мој вкус, а може и да нема врска.
Премизерен сум станат во право си, кубурам со репризи, од тие 16, 15 се репризи и еден Џејмс Бонд. Ме вади тоа што репризирам Сопранови колку-толку.
Бев новиот Веном да го гледам. Сериозно препорака за оние што сакаат добра комедија. Не ви треба никакво предзнаење од Марвел универзумот. Ако би го оценил како дел од тој универзум има 2че, а за комедија има солидна 7-8ца. Нешто налик Дедпул беше, и многу ми се допаѓаат ваквите комедии. Визуелните ефекти, чиста 10ка.
Last Night in Soho имаше интересно визуелно возење, но очекував повеќе од приказната испадна само возењето да ти било. Темата беше Лондон и жртвите на шоу бизнисот. Бев подготвен за симболики, за значења за нешто скриено всушност се што преставува е тоа што го гледаш. Многу loose ends, многу работи ставени без некое посебно значење. И еден plot twist за постигнување ефект на изненадување и тоа е тоа за недела дена ќе заборавам дека постоел филмот. 5.5.
Titane француски филм, веќе ниво погоре. Овде фокусот повеќе е на симболиките со надреални моменти и материјал за обработување. Темата според мене е прифаќањето на себеси, со сите тие "страни" делови (титаниумската плоча во главата ставена по сообраќајката), нивното влијание на нас и безусловната љубов како подршка да ни помогнат самите да се прифатиме. Крајот го разбирам како смрт на старото јас и раѓање на новото (потиснатото). Со тоа што го прифаќаме "титаниумот" како дел од нас. 6.5
Thelma е норвешки филм. Ми се допадна идејата и темата. Почнува како татко ја носи ќерката (Телма) на лов и покажува сцена каде одеднаш сака да ја упука ќерка му но не може. Следната сцена ја гледаме девојката веќе порасната и почнува факултет. Самото име на девојката не е случајно (The name Thelma is primarily a female name of Greek origin that means Will. ) Режисерот ја прикажува перспективата на Телма, што и се случува како го доживува тоа, еден тотален хаос на емоции и збунетост. Нејзиното пронаоѓање и чувства кон Ања, девојка која што ја запознава. Тука настануваат појавувањето на чудни работи, нејзините епилептични напади и полека откривање на нејзиното темно минато и последиците од него. Како што таа успева да ги разбира своите емоции и да ги контролира, учи на кој начин функционираат таа почнува да се служи со нив во своја корист. Режисерот доста длабоко има навлезено во ликот на Телма и мора да се ставиш во нејзина кожа со нејзиното "проклетство" што го носи за да сфатиш одредени сцени што се случува. Пример сцената со езерото кога сакаше да се удави и што се случи и преживува нормално но со сменета перспектива. Иако на крај навидум happy ending, не успеав да го хакнам тој момент, што подоцна го прочитав во едно review и скрос му даде поинаква перспектива на филмот, место happy ending станува хорор. 7
At the end of the movie, she embraced her power and decided to use her power to get what she wants. So, you might say she turned into very dangerous monster.
From the beginning, Thelma was always controlling Anja without her knowing it. Thelma made her breakup with her boyfriend. Thelma is the one who made her come and stand outside her apartment window. Thelma subconsciously made Anja touch her sexually in the concert hall. Anja’s love for Thelma is involuntary. Anja had so control over herself.
At the end, Thelma and Anja seems to back together again and appears to be in love with each other. Thelma started to realize that she has special power to control others mind. So, she decided to use her power to get what she wants. Thelma was still in love with Anja, so she decided to control her, so they can be together. As you can see, this isn’t a happy ending at all. Anja is now a prisoner. What will happen when Thelma and Anja have a quarrel? What will happen when Thelma doesn’t get her way with Anja? Will she set her on fire, as she did to her father. Will she bury her under the ice lake, as she did to her baby brother? Thelma turned into a dangerous monster and Anja is trapped in a nightmare rest of her life.
Last Night in Soho беше предвидлив и се знаеше крајот уште на, па ај да не претерам ама на самиот почеток, иако јас почнав да си смислувам покомплексни краеви, алтер ега и такви работи... Фајт клаб сигурно си влијаел.
Кој и да беше крајот од моите потенцијални покомплексни краеви што си ги претпоставив ќе беа далеку подобри од овој што го одбрал. Мех.
Сепак, добро возење беше и јас уживав во Мики Маус музиката на Едгар Рајт. Ги обожавам и визуелно неговите филмови и како ги раскажува, па за мене беше сосема солиден и прогледав низ прсти, слично како и за Бејби Драјвер.
Мене колку ми се виде неверојатен расплетот од логички дел, да не зборам.
6-7 најмн.
Битно не е хорор, што мене ме одвраќаше да го гледам на почеток, иако фацата на тој дечко и, морам да признаам дека беше страшна.
Take this Buzzfeed quiz to find out what your favorite Trier movie says about you
Melancholia - честитки вие сте емо факбој што Гаспар Ное го гледа религиозно и омилен бенд ви се Радиохед Antichrist - честитки вие дезертер што не го пропушта Вилнев во кино и навива за Челзи The House that Jack Built - честитки вие сте генијална бринета слаба на ромкоми, џез, и Хенри Кавил
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.