Ја чекам ја Darling, ја поканив заедно да го гледаме, ме игнорира.
Нашиве убаво го оценуваат, а други ревјуа низ нет што читав докај 6-ка му даваат. У watchlist ми е одамна, али незнаев дека излегол на убава снимка. Ти се дискутира или сакаш да те убеди некој да го пуштиш? : )
Не бе, само да ти речам lower your expectation bar, до колена.
Добро режиран филм, мислам дека само Снајдер може ова да го изглечи од филмов, никој друг режисер не можеше, и сега едвај чекам Супермен да излезе, мојот а и на многумина херој од детството, за кого имам прочитано стотици стрипови (што се тоа стрипови бе, на што дроги е јонзе).
Вака, приказна не дека некогаш сум очекувал од филм, ама барем сум сакал да има нешто на кое може да се поврзеш (не лично него нешто што би те држело пред телевизорот) во врска со филмот, биле тоа интересни личности, добри глумци, хумор, итн итн. Е сега, финтава е што филмов нема (барем не за мене) нешто такво. Како прво, ништо не е добро разкажано и многу Watchmen-ски стил, стил кој само во филм како watchmen може да пали, или во некој друг филм со суперхерои каде што се кажува во кое дереџе сме (вака просто), тука немаше потреба од таков тип на раскажување на една многу проста случка (ќе видите и сами), ама ептен пренатрупана со непотребна музика и куп слоw-mo моменти.
Второ, толку наеднаш све се почнува да се случува, што немаш ни време (Зак не ти дал) да почнуваш да ти е гајле за некој од карактерите, Бејби Дол, како таква, никогаш не ме убеди дека има толку strong will, да оди низ сето тоа, освен ова, крајот е толку плиток, што си викаш “кога станаа толку добри другарки овие???“, тие другите цури ништо не прават во филмот in real life, нај фејл момент од сите ми е кога треба да ги земат предметите (ова и на трејлер го има и не е спојлер), значи толку се направени неповрзани работите што се чудев како еден режисер кој режирал Еден_хорор_не_ми_текнува_име_сега, 300, Watchmen, може да си го дозволи ова, а тоа начинот како е изманипулирано со паралел/imaginary worlds, толку е фејл, сами ќе видите.
Трета работа е, паралелните/imaginary световите, е овие се бомба направени, кога филмот би бил само едно од трите сценарија или 4 беам не памтам, би бил нешто супер. Не ми е јасно дали Зак сакал да се продаде со ова, демек гледајте ме мене како правам филмови, ако тоа му било целта, he did one hell of a job. Action sequences, се перфектни, е тука ич не му замерувам за претераноста на slow-mo, дека навистина има направено добра работа, брзо-брзо-брзо, па еден удар slow-mo, па пак исто, итн итн, се до оргазам (леле какви фетиши овој јонзе имал), или 2-3 слоw-mo удари ама поврзани со супер fast action movement, нешто како: удар во слоw motion па брзо движење на ист предмет се до следниот удар, па пак слоу моушн, итн. Значи за ова замерка немам, кога филмот би бил само во овој си свет а не во вистинскиот, би бил еден од најдобрите акционо-научно фантастични филмови евер. Ама ете, сите мислат ке пали простулукот на Нолан (абе инсепшн го пцуе овој јонзе не е салам).
Се обидов без спојлери да пишам, ама не мислам дека ова е рецензија, него што знам, тоа што знам е дека за рецензии не ме бива да пишувам, ако пак е рецензија, Рокенрола може слободно да ја премести во таа тема, и така вкујна нејќе да работи
Се дур не направат копче за спојлери, нема да користам, не за нешто, кога користам сам, секоја реченица посебно се спојлерисува.
p.s. Ocenka ke zaboravev: 6/10 само за екшн сикуенсиз и гзот на бејби дол.