Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Јас нејвеќе го користев ради Friends
Исто. Friends, The Office и Lost. Последните две ми ги тргнаа, за среќа се уште ги фаќам Friends, се додека ги има не се откажувам :D

Тоа на страна, повремено има нови серии вредни за гледање, како Ozark, The Crown, Better Call Saul итн. и некои класика филмови за репризирање. Знае да испадне и добар документарец од време на време.

Се на се, за тие што имаат време за гледање нови работи, торентите се уште се најдобар начин. За такви како мене кои гледаат да пуштат нешто репризно за релаксирање од време на време, Нетфликс врши работа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.767
Торентите повторно се враќаат како најдобар начин и во САД. Неќе секој да се заебава со миљарда стриминг сервиси: Amazon, Hulu, Netflix, Disney+ и уште миљон други, да не набројувам. Секој од нив има отприлика по еден вреден IP и нема ваљда за еден IP да ставам претплата.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.802
Поени од реакции
42.433
Живи глупости ми се овие стриминг сервиси, се знае BlueRay SPARKS, под триесе гига ако не е не ми се станува од кавето.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
Јас ја користам услугата A1 XploreTV ако мислиш на неа, 250 денари месечно, има 40 ТВ програми, на лап топ ми е наместена, и кога сум во планина, така гледам ТВ :)
Автоматски споено мислење:

Живи глупости ми се овие стриминг сервиси, се знае BlueRay SPARKS, под триесе гига ако не е не ми се станува од кавето.
и после кај гледаш на мобилен или ?
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
123456 ти за HBO GO кажуваш. Го имав и тоа едно време, гратис пуштија 1 месец, ама имаше некој проблем од кај нив, не можеше да работи (кај мене барем), и ништо не видов од гратис периодот :D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Една од работите што ме нервираат најмногу се филмови кои имаат по неколку дела. На пример некоја трилогија како Back to the Future, првиот дел го има, вториот и третиот не. Godfather 2 го има, 1 и 3 не. Или серија некоја од 12 сезони, ги има само последните 4. За другите треба да бараш друг стриминг сервис, или стрпливо да чекаш да се вратат некогаш.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.058

Ова или на пример искочени се 5-6 сезони ги имаш првите 4, останатите ќе ги додадат после Х рандом мецеси/година. Тазе што ми текнува е Бруклин 9-9.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.453
Поени од реакции
3.554
Да платиш на нетфликс значи дека плаќаш за да ти го перат мозокот, јас стварно не разбирам. Дури ни превод немаат...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.387
Да платиш на нетфликс значи дека плаќаш за да ти го перат мозокот, јас стварно не разбирам. Дури ни превод немаат...
Добро, значи мене ми го перат мозокот затоа што јас секако со англиски превод ги гледам филмовите и не сакам да се замарам со торенти.
Јас сакам да си легнам на троседот и со даљинско да си одберам што да гледам. А не да симнувам торент кој може да е со тапа снимка, па барај превод, па поврзувај кабли и кога сакаш нешто да вратиш мора да станеш и да си сјебеш раат.
Си има предности и маани нетфликсот, ама како стриминг сервис е топ работа.
Кога патувам се што треба да напраам е еден клик, и без интернет си гледам филмови/серии. А тоа е посебно закон на лет од 2-3 часа.
 
Не ме разбра, перат мозок со нивната пропаганда, не заради преводот. :D За преводот, поентата ми е дома не разбираат сите англиски, па ако веќе плаќам, барем да има превод да можам да гледам со нив. Торентот си знам кои имаат добри снимки и од тие симнувам, за 3 минути си се симнува филмот. Кога веќе би идел на стриминг сервис, пример HBO GO ми се чини многу подобар и барем не прават филмови/серии со форсирана и нападна пропаганда.
 
Те сфатив. Јас да си ја кажам причината зашто пре би Нетфликс.
Секако не им ги гледам тие пропагандни филмови. Уствари имам неколку гледано, случајно одбрани, ама гледам да ги избегнам. Свесен сум дека има голем број на ужасни филмови ама од друга страна има еден тон наслови од кои можеш да си избереш филмче или серија да истепаш време. Последно време многу ме гаѓаат со true crime документарци и кулинарски шоуа.
Почнаа и со музички и спортски документарци така да далеку од тоа дека е срање и дека нема што да се гледа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom