Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Еден од неколкуте quest-ови што си ги поставив додека трае ова #СедиДома лудило (btw, одам и на работа јас, не седам само дома :P ) е да ги изгледам сите филови кои освоиле Оскар за најдобар филм. И нормално, секогаш се почнува со оние најизвиканите, а негледани до сега. На пример, негледани ми беа епскиот Lawrence of Arabia, па култниот The Godfather 2, потоа Amadeus и т.н. И не знам дали до мене е, или хајпот имал контра-ефект, ама во поголем дел тие филмови ми се допаднаа, не велам не, ама не толку за да сметам дека се којзнае какви ремек-дела (со исклучок на Amadeus, ете, тој ме остави без здив, симнувам капа).

Е, ама има и такви филмови за кои претходно не бев слушнал речиси ништо. Тука никој не ги спомнал, не се некои ептен популарни наслови, ги нема во IMDB Top 250 и во други листи со најдобри филмови на сите времиња и сл. Е па баш таквите најмногу ми се допаднаа и најпозитивно ме изненадија.

Пред некоја година така ме изненади Terms of Endearment, освојувач на Оскар за најдобар филм за 1983. Кој не го гледал, ѕирнете го, гарантирам дека нема да зажалите. Така пред некој ден исто, филм за кој немав ништо слушнато претходно, Ordinary People, Оскаровец на Роберт Ретфорд од 1980 - многу ми се допадна. И сега, денес, барав што да гледам следно, и избрав, по случаен избор, зашто беше пократок од останатите симнати - In the Heat of the Night, освојувач на Оскар за најдобар филм во 1967. И немам зборови. Единствено што не ми се допадна е што беше прекраток и имаше пребрз расплет. Инаку - :cuc:.

Сидни Поатје, инаку, главниот актер во In the Heat of the Night, и чинам, првиот црн актер со номинација за Оскар, растурил во 1967. Освен тука (одличен, BTW), глумел и во уште еденфилм кој истата година бил номиниран за најдобар филм, исто, главна улога, а заработил 0 номинации!

И уште кога сме кај trivia-та. Вчера го гледав и мјузиклот Oliver!, Оскаровец од 1968, и не ме воодушеви многу, иако пеењето и играњето беа топ. Ама главниот актер, детето што го глумеше Оливер Твист, го барав да видам кој е, што правел понатаму во животот. Се прославил како дете ѕвезда, глумел во многу филмови, и подоцна се откажал од актерската кариера. Денес е познат како кум на Мајкл Џексон и негов многу добар пријател кој по неговата смрт изјавил дека во деведесетите донирал сперма на барање на Мајкл Џексон и дека постои голема веројатност ќерката на Мајкл, Парис Џексон да е всушност негова ќерка. :pos: Тотално неупотреблив и непотребен податок беше ова, ама морав, само како илустрација со што се замарам кога имам вишок време. :toe:

На 60/92 изгледани Оскаровци сум. 65%. Ќе биде!

Ако е Амадеус right up your alley, можеби ќе те бендиса и Immortal Beloved (1994), за Бетовен, не е номиниран, но Гери Олдман го глуми и е стандардно брилијантен. Малку потежок од Амадеус, но мислам дека вреди да се изгледа. А можеби и веќе си го гледал. :)
 
Тоа глумата на тој у Амадеус ми беше патетична со кикотењето и не ме интересира дали бил вистински таков...
 
@Zlatikevichius што ти требаше толку време да го гледаш The Godfather 2?
3 и пол саати трае. Затоа. А и плус Кум 1 ме измачи за сите пари кога го гледав, па не ми се продолжуваше Голготата... Значи не викам дека се лоши филмови, напротив. Ама дефинитивно не се и најдобриот и третиот најдобар некогаш направени.
Автоматски споено мислење:

Ако е Амадеус right up your alley, можеби ќе те бендиса и Immortal Beloved (1994), за Бетовен, не е номиниран, но Гери Олдман го глуми и е стандардно брилијантен. Малку потежок од Амадеус, но мислам дека вреди да се изгледа. А можеби и веќе си го гледал. :)
Не ми е гледан. Ќе го ѕирнам. Amadeus е нешто вонземско, според мене, имам многу да зборувам, ама да не навлегувам сега. Така што, искрено, не верувам дека овој филм би го надминал. Ама, Бетовен повеќе го сакам од Моцарт, па секако ќе го гледам. Фала ти.
Автоматски споено мислење:

Тоа глумата на тој у Амадеус ми беше патетична со кикотењето и не ме интересира дали бил вистински таков...
Не бил. Тоа го ставиле само дека бил ексцентричен, па Форман го замолил актерот да внесе нешто ексцентрично во ликот. Ама има теории дека имал Туретов синдром. Плус, има две анонимни писма од две девојки во тоа време кои го познавале, а во кои неговото смеење го опишувале како "звукот кога пила за дрва што се обидува да исече метал". :pos:
 
Последно уредено:
Само што го изгледав Scarface што го начекав вечерва на Fox Movies, мислам четрти или петти пат го гледам, безвременски филм, какви култни сцени, се изненадив и сам себе колку реплики на Тони Монтана сум ги знаел напамет. :LOL:
 
3 и пол саати трае. Затоа. А и плус Кум 1 ме измачи за сите пари кога го гледав, па не ми се продолжуваше Голготата... Значи не викам дека се лоши филмови, напротив. Ама дефинитивно не се и најдобриот и третиот најдобар некогаш направени.
Не се, туку се најдобриот и вториот најдобар некогаш направени.
 
Не ми е гледан. Ќе го ѕирнам. Amadeus е нешто вонземско, според мене, имам многу да зборувам, ама да не навлегувам сега. Така што, искрено, не верувам дека овој филм би го надминал. Ама, Бетовен повеќе го сакам од Моцарт, па секако ќе го гледам. Фала ти.
Автоматски споено мислење:

Не бил. Тоа го ставиле само дека бил ексцентричен, па Форман го замолил актерот да внесе нешто ексцентрично во ликот. Ама има теории дека имал Туретов синдром. Плус, има две анонимни писма од две девојки во тоа време кои го познавале, а во кои неговото смеење го опишувале како "звукот кога пила за дрва што се обидува да исече метал". :pos:

Моцарт негувал „скатолошка“ смисла за хумот т.е. сакал toilet humor шеги. Мислам дека тоа беше обработено и во филмот. Ја има и дајректорс кат верзијата, ако некогаш те интересира да ја погледнеш, јас ја ѕирнав пред некоја година. Инаку, Салиери, неговиот опонент во филмот, бил многу пославен композитор своевремено од Моци, а биле коавтори на некои композиции. Салиери не му правел нему реално такви опструкции во кариерата. За филмов за Бетовен ти говорам, бидејќи тоа му беше можеби и најдобрата биографска креација на Олдман, а сите знаеме дека тој е вонсериски глумец, можеби и најголемиот камелеон во поновава историја на кинематографијата. Причина плус - во филмот е одлично вклопена и моќната музика на Бетовен, која и ги илустрира сцените и им дава историска подлошка. Причина ++, филмот е насловен „Бесмртна љубена“, по писмата кои тој ѝ ги праќал на жената во која бил вљубен, а разоткривањето на нејзиниот идентитет се случува на самиот крај, Бетовен и како поет бил многу моќен и страстен. Тривија - Бетовен за малку ќе му бил и ученик на Моцарт, но патиштата им се разминале и наместо тоа му станал ученик на Хајден. Нам љубовта кон овие два филма ни ја всади професорот по музичко во средно, а во контекст на личноста на Моцарт ни ја спомена и поговорката "In tristitia hilaris, in hilaritate tristis" - „во тагата радосен, во радоста тажен“ - бидејќи и од самиот филм беше евидентно дека Моцарт бил многу весел карактер и ексцентрик, па сепак завршил крајно трагично, во масовна неименувана гробница, додека на погребот на Бетовен имало огромна поворка на луѓе кои го испратиле. Разликата меѓу двата филма е таа што „Амадеус“ бил извикан филм (иако историски со многу недоследности), а „Имортал...“ е некаков култен класик и sleeper hit. Пробај да му дадеш шанса и на овој. :)

Мене можеби омилената сцена од филмот, музички илустрирана со „Ода на радоста“.

Последно уредено:
Моцарт негувал „скатолошка“ смисла за хумот т.е. сакал toilet humor шеги. Мислам дека тоа беше обработено и во филмот.
Јас се смеев ко луд на сцената кога пробуваше перики и на репликата: "сите се убави, би сакал да имав три глави". :pos: :pos: :pos:
Инаку, за Amadeus има теорија дека тоа едно детенце што го гледаше со воодушевување во една сцена, било Бетовен.
 
Знае некој каде може да најдам торент за камионџије, тесна кожа, жикина династија?
 
Последно уредено:
Јас се извинувам ама пробав на аренаелите го нема филмот или не ми дава да отворам а се регистрирав.
На оваа страната кнабен го симнав ама секое видео кочи после 10 секунди.
Може некој да ми дади торент од камионџије или тешко?
 
go nema li na jutub,dailymotion,ok.ru?
 
ако го бара камионџије го нема на арена, па ни жикина династија па ни тесна кожа или па не им работи сеарчов појма немам
Ги има, му пратив линкови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom