- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.790
- Поени од реакции
- 33.596
3/5 е сосема добра оцена. Визуелно ми беше убав, добра глума, типката од ЛЗН посебно, добро темпо држеше, али делот со типот што го снимаа на покрив ме утепуваше од досада, не ме нешто посебно трогна и затоа само 3ка.
Мене ми беше перфектно скоцкано се. Сите делови, сите приказни беа по една карта од огромна кула од карти и без било која од нив целата кула би се срушила. Типот на покривот беше ко бензин во филмот. Јас цело време чекав да пламне и да измасакрира се живо во хотелот, а испадна најнеочекуваното, спротивното. И историјата ко да се повтори, 100 години подоцна, само наопаку: Босанец го уби Гаврило Принцип, и тоа баш во хотелот кој несреќно го носи името Европа. Карма! И многу интересно ми се виде што Тановиќ си поиграл со актерите: Босанката, рецепционерка, ја глумеше Србинка, Србинот Гаврило - Босанец.