Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Навистина сум изненаден од приказната на филмот Wonder Woman
Супер е приказната.
На почетокот беа мажи.
Мажите се кољеа меѓусебе.
Жената беше создадена за да ги смири.
2 тапа саати исполнети со неколку супер акциони сцени
Жената ќе го победи непријателот со љубов!!!

И Гал Гадот е се освен добра актерка.
 
Wonder Woman - Добар, дефинитивно overhyped...доколку го споредам со ориџин приказните од Mарвел, би го споредил со Captain America: The First Avenger, Thor, Doctor Strange, сите добри филмови, ама далеку од одлични..
 
Супер е приказната.
На почетокот беа мажи.
Мажите се кољеа меѓусебе.
Жената беше создадена за да ги смири.
2 тапа саати исполнети со неколку супер акциони сцени
Жената ќе го победи непријателот со љубов!!!

И Гал Гадот е се освен добра актерка.
Секој на свој начин ја разбира приказната. На некој му се допаѓа на некој не, сепак секое мислење се цени.

Sent from my HUAWEI LYO-L21 using Tapatalk
 
Разбирам дека е hate it or love it, дури и разбирам зошто е hate it or love it, но сепак ми треба мало појаснување чуму ниската оценка за Smrt u Sarajevu на Данис Тановиќ. А @MyloXyloto , a @Shawn Spencer ? Мене ми беше преубав, од секој аспект, еден од најдобрите балкански од последниве неколку години. За Американчиштава што го хејтаат - сфаќам. Они дека немаат историја, не им е ваљда ни важна ничија историја, па познавањата од светската историја им се еднакви на моите познавања од ботаниката на амазонските прашуми, па веројатно и ништо од филмов не разбрале. Ама Сребрената мечка во Берлин лани - позаслужена, здравје!

Note to myself - не верувај на сечија критика, не биди скептик, седни, изгледај, увери се сам. ;)
 
3/5 е сосема добра оцена. Визуелно ми беше убав, добра глума, типката од ЛЗН посебно, добро темпо држеше, али делот со типот што го снимаа на покрив ме утепуваше од досада, не ме нешто посебно трогна и затоа само 3ка.
 
Мене ми беше перфектно скоцкано се. Сите делови, сите приказни беа по една карта од огромна кула од карти и без било која од нив целата кула би се срушила. Типот на покривот беше ко бензин во филмот. Јас цело време чекав да пламне и да измасакрира се живо во хотелот, а испадна најнеочекуваното, спротивното. И историјата ко да се повтори, 100 години подоцна, само наопаку: Босанец го уби Гаврило Принцип, и тоа баш во хотелот кој несреќно го носи името Европа. Карма! И многу интересно ми се виде што Тановиќ си поиграл со актерите: Босанката, рецепционерка, ја глумеше Србинка, Србинот Гаврило - Босанец.
 
Ustav republike Hrvatske - колку добро скоцкано филмче! А бев скептичен, пак, овојпат заради Рајко Грлиќ, оччекував нешто налик Караула. Имаше преубава рецензија на LB, баш ко да ми ги прочитал мислите авторот, во стил: Ако ги сакате педерите, хомофобите, усташите, четниците, кучињата или оние кои ги трујат, Србите или Хрватите - ова е вистински филм за вас, а ако ги мразите педерите, хомофобите, усташите, четниците, кучињата или оние кои ги трујат, Србите или Хрватите - ова пак е вистински филм за вас. Баш некаков сличен впечаток имав додека го гледав. Небојша Глоговац, свака част! :cuc: Типов поштено си растури, а и другиве двајца не беа воопшто лоши. Ксенија Маринковиќ почнувам да ја обожувам, царица! Дуке Бојаџиев исто така си растури, цел филм. Појма немав дека он ја направил музиката, иако ми звучеше некако познато додека гледав, ме потсеќаше на моменти на музиката во Wingless на Иво Трајков. Јосипа на крај - ежење! Атмосфера - перфектна... Ма воопшто не можев да најдам замерка за ништо во филмов, прекрасен! Не знам дали имаат право да го пријават за Оскар Хрвативе, лани S'One Strane им беше кандидат нели, но ако имаат, тогаш би имале сериозни шанси за да влезе бар во топ 9. :bravobe:
 
zaso me hajpnavte so ocenjte i revjuata za its only the end of the world
precenet radi reziserot..
Како не, режисерот. Од режисерот јас го имав гледано само Mommy, а овој ми беше дури и поубав. Може дека јас бев спротивно од хајпнат, по сите лоши критики за филмот, но за мене до сега, по изгледани повеќе од 30 такви од 2016, е најубав неанглиски филм од лани.
 
Still Alice - 8/10

Највеќе ради Џулиен Мур. Болдвин упорно докажува дека е подобар кловн за Сетрдеј Најт Лајв него ли квалитетен актер кој се чини не може веќе да се носи со актер)к)ите од негова генерација и статут (истиот може да го положи назад шта се тиче мени). Кристен Стуарт човече подобро одглуми од него, што ме зачуди (затоа што не ја сакав како актерка до сега).

Него, некој го гледал Book of Henry? Импресии, мислења?
 
Јас го гледав лани мислам филмов, очекував повеќе од него ради Оскарот на Мур. Не дека е лош, но не е ни одличен. Го делам мислењето за Болдвин. Кристен во сите филмови е иста, дај и збунета, хаотична, несфатена личност да глуми и тоа е. Гледај го Cake со Џенифер Анистон, ќе бидеш изненаден што со таа улога нема добиено ни номинација за Оскар, а мене ми се допадна многу повеќе отколку изведбава на Мур.

За филмов, немам начекано добар торент сеуште.
 
Последно уредено:
За филмов, немам начекано добар торент сеуште.
Сериозно?
Still.Alice.2014.BluRay.1080p.AVC.DTS-HD.MA.5.1.REMUX-FraMeSToR
- 19гб

Ако ти е многу, еве ти еден помал, 720п/4 и нешто гб.
Still.Alice.2014.720p.BluRay.x264-SPARKS
 
Сериозно?
Still.Alice.2014.BluRay.1080p.AVC.DTS-HD.MA.5.1.REMUX-FraMeSToR
- 19гб

Ако ти е многу, еве ти еден помал, 720п/4 и нешто гб.
Still.Alice.2014.720p.BluRay.x264-SPARKS

Мислев за The book of Henry нема торент, не за овој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom