Не ми се јасни и мене негативните критики. Ремек дело на Долан, ако не и негов најдобар.Ксавиер Долан -
Детево е ЅВЕР! Само 28 години, а според мене, дефинитивно еден од најдобрите режисери во светот моментално. Сакав да си молчам и да ви го предложам филмов во клубот, но 5-6 души од вас веќе го гледале, а и не можев да издржам.
Juste la fin du monde / It's Only the End of the World - мало ремек дело! Многу ми личеше на Mommy, повторно со истиот стил, со речиси 100% крупни кадри што носи многу емоција, со извонредна глума од, овојпат, одличниот кастинг: Венсан Касел, Марион Котијар, Гаспар Улиел... , со истата феноменална употреба на поп песни од кои повеќето ги знаеме, на места каде добиваат нова димензија и во сцени по кои веројатно ќе се навраќаме на нив во иднина...
Во Кан лани, на премиерата, бил исвиркан од новинарите (не знам на што дроги биле), а подоцна го освои Гран-при-то од жирито (втората награда по важност, по Златната палма). Филмов беше и канадски кандидат за Оскар за 2016, влезе во најтесната конкуренција од 9 филма, но за жал не се закити со номинација за Оскар, исто како претходниот на Долан, Mommy. За мене, ова е еден од најдобрите странски филмови за 2016, и далеку подобар од петте номинирани, па и од освојувачот на Оскарот.
Сцената со врапчето беше ежење. Еве, и сега се ежам кога се навраќам на неа. Плус Natural Blues од Моби бе... АуууууНе ми се јасни и мене негативните критики. Ремек дело на Долан, ако не и негов најдобар.
Режисеров е преталентиран за стандардот на денешната драма, и општо денешното глупо кино.
Ваква техника на снимање и фаќање на кадри кои носат емоција до публика, за еден млад неискусен режисер е стварно реткост.
Филмов е дефинитивно performance driven од ликовите горе - кои може изглумија и за кариера, на еден мал сет, со минимален наратив, со минимална прогресија која кулминира во последните 20 минути за совршен крај.
Ксавиер Долан.
Relatos Salvajes (Wild Tales) филмот е аргентински, не знам зошто го најавуваа како европски филм. Иначе одличен е, требаше да земе оскар за најдобар странски во 2015 пред Ида.Шпанскиот филм шо иде моментално на МРТ
Ако знаеш некои слични дај предлог , повеќе приказни али да се неповрзани меѓусебе.Relatos Salvajes (Wild Tales) филмот е аргентински, не знам зошто го најавуваа како европски филм. Иначе одличен е, требаше да земе оскар за најдобар странски во 2015 пред Ида.
На Спилберг?Збор два ако може за Amistad. Сигурно го имате гледано.
Да, разни мислења има. Сакам и од тука некое.На Спилберг?
Го нема никој логирано на летер како гледанДа, разни мислења има. Сакам и од тука некое.
Жити филмоманите. Само романтики гледате.Го нема никој логирано на летер како гледан