- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.182
- Поени од реакции
- 10.185
Хулиета малце ме разочара. Убав визуелно, али приказната ме умори. Не беше интересен ко Кика и Живо месо.
Јас па напротив, уживав во секоја секунда, иако ако некој ти раскаже за што се работи во филмот, верувам дека секој би рекол - досадно. Крајно мелодраматичен, но и пре-интересен ми беше.Хулиета малце ме разочара. Убав визуелно, али приказната ме умори. Не беше интересен ко Кика и Живо месо.
Може е до мене еве, периодов се толку осеќам утепано, буквално од сè. Сум го промашил може времето за филмов, али сега само 6ка доби.Јас па напротив, уживав во секоја секунда, иако ако некој ти раскаже за што се работи во филмот, верувам дека секој би рекол - досадно. Крајно мелодраматичен, но и пре-интересен ми беше.
Сега го гледав грчкиот Chevalier, исто - нивни кандидат за Оскар. Многу го фалеа по фестивалите, плус Indiewire го смета за еден од фаворитите за номинација, а мене ми беше.... мех... Навистина звучи интересно: неколкумина пријатели на еден брод играат игра за да докажат кој од нив е најдобар. И тоа не најдобар во една одредена работа, туку најдобар генерално, во сѐ. Победникот го добива прстенот Chevalier. Притоа се оценуваат меѓусебно за секое нешто што го прават: кој има најмал стомак, најголема утринска ерекција, најмногу влакна на градите, кој има најмали триглицериди, кој најбрзо склопува шкафче од IKEA и редица други глупости, а за секоја маана, се одземаат бодови, па така, не смееш да ждригнеш по јадење, да влезеш обуен на бродот или да се плашиш од медицинска игла. Да, звучи интересно, но изгледа катастрофално лошо. Прво - нема никаква поента. Второ - делува по малку дискриминирачки и елитистички. Трето - го сметаат за комедија, а не е смешен. Четврто - режисеркава некако како да се изгубила во преводот: гледаме предолги сцени со ентериерот во бродот, без никаква смисла и цел, чудни кадри во кои ликот, дури и во случаи кога зборува, е заменет со некоја врата од јахтата која е во фокус, камерата ко да е управувана од некое дете на кое му се поинтересни некои неважни предмети од некое дејство што се случува баш пред неговиот нос. Не знам, може е до мене само, мене ова ми делуваше многу бледо, неинтересно, неинвентивно, досадно, лошо... Штета, а очекував многу.
Не знам, мене Коенови ми се крш, ич не ги сакам, ама пак им дадов шанса за Hail Caesar и пак се разочарав.Може е до мене еве, периодов се толку осеќам утепано, буквално од сè. Сум го промашил може времето за филмов, али сега само 6ка доби.
За Шевалие штом викаш вака го бришам од диск, го симнав али не звучи добро по ова.
Аве, Цезар се мислам дали да го гледам искрено. Знам дека оној со серискиот убиец што го играше Бардем ептен не ми се свиѓаше. На Ел од Ферховен или Верховен ќе му дадам шанса, а Neon Demon ќе го скокнам.
Гаспар Ное го заборави. Иначе имаме иста листа на хејт режисери.Не знам, мене Коенови ми се крш, ич не ги сакам, ама пак им дадов шанса за Hail Caesar и пак се разочарав.
Update на листата режисери што не ги сакам: Џоел и Итан Коен, Вуди Ален, Паоло Сорентино... Ќе ми текне уште некој, ќе го допишам.
Овој е еден од најкомплексните негативци создадени до денес.Hheehe
Не можам да го ставам Ное таму, не сум изгледал многу негови. А за исклучоци, имам јас од сите по некој (освен од Сорентино). Fargo им е закон на Коенови, и за True Grit не можам да речам дека беше лош. Од Ален Midnight in Paris беше ОК, Annie Hall е супер... Ама генерално...Гаспар Ное го заборави. Иначе имаме иста листа на хејт режисери.
Мада Вуди Ален ми имал онака лајтерици чат-пат. Midnight in Paris ми се свиѓаше, To Rome with love беше филмче за опуштање, а Blue Jasmine не ми се свиѓаше. Од стариве немам ништо гледано, на Кафе Сосаети ќе му дадам шанса, мада уште од старт сум даун со изборот на глумци - Ајзенберг и Стјуарт
Од Ное доволно ми беше што го изгледав Irreversible. Баниран е кај мене за век и векова.Не можам да го ставам Ное таму, не сум изгледал многу негови. А за исклучоци, имам јас од сите по некој (освен од Сорентино). Fargo им е закон на Коенови, и за True Grit не можам да речам дека беше лош. Од Ален Midnight in Paris беше ОК, Annie Hall е супер... Ама генерално...
Мене Miller's Crossing ми е најдобар од нив.Како бе Коенови не ви се свиѓаат, лелееее
Heil можеби еден од најслабите нивни, но во никој случај лош, мене ниту еден нивен не ми е лош.
No Country ми е врвот, ќе ги репризирам за скоро со There Will Be Blood обавезно, и тогаш ги гледав едно по друго некако во сличен период, и сега ќе ги репризирам. Едни од најдобрите холивудски од 21-ви век.