Јас па напротив, уживав во секоја секунда, иако ако некој ти раскаже за што се работи во филмот, верувам дека секој би рекол - досадно. Крајно мелодраматичен, но и пре-интересен ми беше.
Сега го гледав грчкиот Chevalier, исто - нивни кандидат за Оскар. Многу го фалеа по фестивалите, плус Indiewire го смета за еден од фаворитите за номинација, а мене ми беше.... мех... Навистина звучи интересно: неколкумина пријатели на еден брод играат игра за да докажат кој од нив е најдобар. И тоа не најдобар во една одредена работа, туку најдобар генерално, во сѐ. Победникот го добива прстенот Chevalier. Притоа се оценуваат меѓусебно за секое нешто што го прават: кој има најмал стомак, најголема утринска ерекција, најмногу влакна на градите, кој има најмали триглицериди, кој најбрзо склопува шкафче од IKEA и редица други глупости, а за секоја маана, се одземаат бодови, па така, не смееш да ждригнеш по јадење, да влезеш обуен на бродот или да се плашиш од медицинска игла. Да, звучи интересно, но изгледа катастрофално лошо. Прво - нема никаква поента. Второ - делува по малку дискриминирачки и елитистички. Трето - го сметаат за комедија, а не е смешен. Четврто - режисеркава некако како да се изгубила во преводот: гледаме предолги сцени со ентериерот во бродот, без никаква смисла и цел, чудни кадри во кои ликот, дури и во случаи кога зборува, е заменет со некоја врата од јахтата која е во фокус, камерата ко да е управувана од некое дете на кое му се поинтересни некои неважни предмети од некое дејство што се случува баш пред неговиот нос. Не знам, може е до мене само, мене ова ми делуваше многу бледо, неинтересно, неинвентивно, досадно, лошо... Штета, а очекував многу.