Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.008
Не мислев акција ко жанр, туку дејствието кога идеа во `акција` по тие и тие, да не шириме спојлери. :D
И мене не ми се допадна премногу Сикарио, некако премногу кружење имаше во филмот, без некое напето дејствие и некаква кулминација. Дел Торо си одглуми добро, мене и девојката ми беше океј, али останатото и не ми направи некој голем ќејф. По мене неоправдано има толку голема оцена...
Ставија аватари од глумици и одма право станаа експерти за филм. :toe:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.424
Поени од реакции
39.017
Факт е дека си фалеше акција во Сикарио. Не остави впечаток , иако беше добра замисла.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Carol - многу добра драмичка, Кејт си грми со лезбејскиве улоги, улогата како Боб Дилан во I'm Not There исто од Хејнс, воедно му требаа осум години да сними нов филм кој е планиран од многу одамна. Руни Мара исто така фантастична, атмосферата топ, ме потсети на неговиот Far from Heaven кој е за нијанса подобар од овој. Оскар номинација? Да? Награда, не.

Creed - одлично, одлично, ова е втор филм на режисерот по Fruitvale Station кој беше нешто како пократок долгометражен филм а каде што младиот Б. Џордан се докажа најсолидно што можеше а сега си ја потврди повторно улогата! Мислам дека треба да му се даде признание на малиов, бар номинација.

8/10 и за двата, со тоа што Carol го истурка The Gift од 10-те најдобри за 2015.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.187
Поени од реакции
10.204
Си тропав ја од септември, октомври или ноември дека му е висока оцената на Сикарио и дека не е ништо посебно? Не слушате, епа сега пишувајте како не е добар.

П.С. Дедпул ис он фајаа... :D
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Richard Linklater (Dazed and Confused, Boyhood) во 2016 со новиот филм најавен одамна, нешто како приквел ќе дојде на Dazed and Confused. Изглеа интересно..

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Creed - одлично, одлично, ова е втор филм на режисерот по Fruitvale Station кој беше нешто како пократок долгометражен филм а каде што младиот Б. Џордан се докажа најсолидно што можеше а сега си ја потврди повторно улогата! Мислам дека треба да му се даде признание на малиов, бар номинација.
Не знам за Џордан, иако има шанси, но ако не го номинираат Силвестер Сталоне за споредна машка улога - е тоа би било криминал. BTW, одлична идеја, одличен филм, одличен Роки Балбоа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom