Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не мислев акција ко жанр, туку дејствието кога идеа во `акција` по тие и тие, да не шириме спојлери. :D

И мене не ми се допадна премногу Сикарио, некако премногу кружење имаше во филмот, без некое напето дејствие и некаква кулминација. Дел Торо си одглуми добро, мене и девојката ми беше океј, али останатото и не ми направи некој голем ќејф. По мене неоправдано има толку голема оцена...
Ставија аватари од глумици и одма право станаа експерти за филм. :toe:
 
Carol - многу добра драмичка, Кејт си грми со лезбејскиве улоги, улогата како Боб Дилан во I'm Not There исто од Хејнс, воедно му требаа осум години да сними нов филм кој е планиран од многу одамна. Руни Мара исто така фантастична, атмосферата топ, ме потсети на неговиот Far from Heaven кој е за нијанса подобар од овој. Оскар номинација? Да? Награда, не.

Creed - одлично, одлично, ова е втор филм на режисерот по Fruitvale Station кој беше нешто како пократок долгометражен филм а каде што младиот Б. Џордан се докажа најсолидно што можеше а сега си ја потврди повторно улогата! Мислам дека треба да му се даде признание на малиов, бар номинација.

8/10 и за двата, со тоа што Carol го истурка The Gift од 10-те најдобри за 2015.
 
Си тропав ја од септември, октомври или ноември дека му е висока оцената на Сикарио и дека не е ништо посебно? Не слушате, епа сега пишувајте како не е добар.

П.С. Дедпул ис он фајаа... :D
CW2HbuXXAAIUFvz.jpg
 
Richard Linklater (Dazed and Confused, Boyhood) во 2016 со новиот филм најавен одамна, нешто како приквел ќе дојде на Dazed and Confused. Изглеа интересно..

 
Creed - одлично, одлично, ова е втор филм на режисерот по Fruitvale Station кој беше нешто како пократок долгометражен филм а каде што младиот Б. Џордан се докажа најсолидно што можеше а сега си ја потврди повторно улогата! Мислам дека треба да му се даде признание на малиов, бар номинација.
Не знам за Џордан, иако има шанси, но ако не го номинираат Силвестер Сталоне за споредна машка улога - е тоа би било криминал. BTW, одлична идеја, одличен филм, одличен Роки Балбоа!
 
Не се споредливи Интерстелар(визионерски филм) и Марсовец(филм за преживување). Може на пример Интерстелар со 2001, а Марсовец со Гравити...
Да... Gravity, Moon, Sunshine итд..

Оваа горе беше наслов(на рецензија) на еден "проминентен" критичар после премиерата.

Сеа од коа го изгледав Марсовец, малку ми е смешна. =/
 
Последно уредено:
Се сложувам дека не се во иста категорија Интерстелар и Марсовецот, секој на свој начин прекрасни филмови.

Bridge of Spies е многу добра драма, со допадливи ликови и одлична приказна. На некој начин ме потсети на Арго, може да се каже како смирена верзија на овој филм. Се на се 8/10
 
Back
На врв Bottom