Annik Honoré
In Floyd I trust!
- Член од
- 29 септември 2014
- Мислења
- 538
- Поени од реакции
- 1.484
Како да објаснам кога не остава впечаток, како да кажам пролазен филм...Види, ти уствари освен поплаки ништо не кажа. Не се потруди да ни објасниш зошто глумата била лоша. Кој одглумил катастрофално? Во однос на кои трилери филмов е лош? Кои сцени се нафрлани? (Сцената што ја спомна е потребна за дејствието, т.е. дел од целиот план е таа „лудачата“ да објави дека девојката е бремена). Што значи тоа „филмот е префорсиран“. Кој го форсирал?
Нема ништо лошо во твојот пост но тоа се само рандом емоции кои ти не успеа да ги објасниш за да ги разбереме. Еве и ние знаеме што е „интересно за гледање“. И сега?
Еве ќе наведам пример сцената кога едниот детектив и рече на таа детективката демек ај да го уапсиме, врз база на што ќе го апсеа?! Немаа никакви докази, тоа е тоа шо не пали, шо остава впечаток дека приказната не чини.
Спореден со Enemy (исто така 2014 излезен филмот) изгледа лошо на пример, иако овој нема рејтинг на имдб. Глумата таму е каде каде подобра, и приказната исто. Е сеа тоа ти е прашање и на вкус, тебе можи поубав ти е Gone Girl, приказната појче те вози, мене не ме бендисува...
А филмов е форсиран од страна на публиката (најмногу) нормално, кои виделе дека режисерот е познат, актерска екипа и тие исто така (доволно за да привлечи внимание). Интернетот денеска дава доста информации, си изгуглале луѓето кој е Финчер и виделе дека ги режирал Зодијак, Fight Club, Se7en идр. и мислат се што ќе режира е квалитетно. Уште кога ќе видиш дека е базиран на бестселер, треба јасно да ти стани. Денеска имаме се, само квалитет не. Кој стигна до пенкало, писател стана.
Да не ме сфатите погрешно, немам ништо против режисерот, и никогаш не ги ценам филмовите базирајќи се на тоа кој бил режисер.
И пак ќе напоменам, спореден со Enemy на пример, изгледа очајно.
Од филм кој жанровски е категоризиран како трилер се бара сериознот и во глума и во приказна, тоа е она што го прави филмот.