Уште не слетани на аеродром, веќе почнаа да фрчат шпекулации:
1. Зорман тренер - интересна опција навистина, легенда на словенечкиот ракомет, човекот кој на некој начин ја најави оваа модерна ера на словенечки средни бекови. По се што направи Парондо нормално е дека мора да е прва опција, но Зорман апсолутно мислам дека е иден тренер со сериозен потенцијал и личи на доста паметна одлука.
Морам да признам, дека доста навреди имало на сметка на управата на Вардар низ годините, но кој и да е тој што им ја креира политиката на носење тренери - секоја чест. Дефинитивно најважна карика од клубот, која постојано успеваат да ја погодат.
2. Портнер замена за Милосавлјев
http://www.g-sport.mk/vest-statija/77139/vardar-najde-zamena-za-milosavljev
И ова е доста интересна шпекулација ако има вистина. Портнер има талент, иако е некако недокажан, во втор план во Монпелје. Типичен Вардар трансфер ако се оствари, ex-Yu конекцијата Портнер - Периќ има шанси да се покаже како добра и колку толку да се надомести огромната "сенка" која ја остава Милосавлјев (а и пред него Штербик).