Засега не делуваат ветувачки најавите за наредна сезона,барем ако гледаме по трансферите и заминувањата.
Куни официјално заминува,Џомба во пензија,мислам дека и тоа ќе биде тоа и од Столе,сезонава изигра само на побитните натпревари со Алкалоид и Пелистер чисто колку да помогне,веројатно и последна сезона за него во професионална кариера.
Манасков во подкастот што гостуваше кај Лазаров кажа дека има договор со Вардар до 30 Јуни,за понатаму нема ништо договорено и не знае дали ќе продолжи во Вардар или ќе замине.
Борко одамна е со една нога во пензија и прашање е кога официјално ќе се прости.
За Талески официјано ништо немаат потврдено од клубот ама според муабетите што кружат и тој заминува.
Неговото заминување е уствари тоа што најмногу ме плаши за иднината на клубот,стварно Тале беше играч што претходниве сезони остави срце на терен и буквално се заљуби во Вардар и навивачите во него,имав чувство дека после Столе тој може да биде капитен и лидер на екипата,во Вардар му оживе кариерата,се гледаше и дека тој го цени тоа,цела атмосфера во клубот,дерби дуелите со Пелистер и врската со навивачите премногу му годеше,најдобрите партии во кариерата му беа овие последниве кога се боревме за титула.
Сигурен бев дека после тоа што му го пружи Вардар нема пари за кои би заминал,освен ако премногу паднат амбициите на клубот,а по се изгледа дека тоа ни следува.
Цела прва постава заминува,а најавите за "засилувања" се дааааалеку од сегашниве играчи,чисти просеци од српска лига која е дури послаба и од нашата.
Останатото што го имаме во клубот е на рамниште на Тиквеш и Бутел,со играчи како Карапалевски,Томи,Аларов,Ќосевски,Мишевски и така натаму нема да може ни за 4то место во домашно првенство да се бориме.
Се надевам дека грешам со проценката ама како стојат работите засега ние ни со Алкалоид нема да може да се носиме,а не па со Пелистер,сигурно ќе имаат и они многу подобри играчи за следна сезона,ќе играат ЛШ,а со тоа автоматски имаат поголеми шанси за да донесат саглам засилувања.
Ќе видиме што ќе биде,ама мене не ми мириса на јорговани.