Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Не заболе, го имаме Карапале.
Можно е да е само на некоја недела таму. Идат така овој период. Њокаси нели беа лани, па после си најдоа други клубови. Прашање е дали сака да се врати, а и дали би го примиле. Ако не може да се донесе нешто добро, ја би бил да го остават. Сепак разликата меѓу него и Карапале е голема. Ама неверувам дека има интерес да се продолжи соработката од двете страни.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Можно е да е само на некоја недела таму. Идат така овој период. Њокаси нели беа лани, па после си најдоа други клубови. Прашање е дали сака да се врати, а и дали би го примиле. Ако не може да се донесе нешто добро, ја би бил да го остават. Сепак разликата меѓу него и Карапале е голема. Ама неверувам дека има интерес да се продолжи соработката од двете страни.
Ќе кажев стар е брка пари, ама гледам дека има 27 години. Која е логиката да оди во С.Арабија на овие години, освен ако е краткотрен договор као што спомна Косте. А си стои и варијантата Михо да им кажал колку би била евентуална плата и нормално дека си одат. Ќе видиме како ќе продужи трансфер периодиот, ама логиката кажува дека доколку би се имале ок финансии Дутра е ракометар кој би требало да се задржи.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Кажав уште пред некое време дека на подобрите играчи им е кажано да си бараат клубови во наредната сезона, бидејќи клубот не може да го издржи финансискиот товар, односно Михо веќе нема да вложува како досега.
Имаше надежи дека ќе влезе поголем спонзор, ама не бидна ништо.
Се погоди период во кој за жал цел фокус на навивачката група е на наоѓање спас на ФК Вардар и се запостави ракометот. Ситуацијата во ФК Вардар е прееееделикатна и мислам дека на никој од водството не му е паметот во ракометот.
Јасно е дека без пари не може веќе да се носиме ни со Пелистер, ни со Алкалоид, односно толку беше од шампионската вардарова приказна.

Моја претпоставка е дека нема да остане ниту еден поважен играч, а дури и оние кои се втор ешалон се знак прашалник.
Остануваме без СИТЕ главни бекови, а со оглед на ограничувањата на бројот на странци и фактот што немаме македонски бекови на пик, црно ни се пишува.
Остануваме без Тале, Дутра, Моралес, Манасков, Томовски, а претпоставувам и без Мишевски, Чувара и Ѓукиќ.
Возможно е Столе и Гоце да одиграат една последна сезона. Пикерите се тие, леви крила веројатно ќе бидат некои македонци (или тој анонимниот србин заедно со Стојановски), десни крила Гоце и Ќосевски, голман Гогов и Боре ако продолжи да игра, а од бекови можеби ќе останат Јагуриновски и Карапале. Добрковиќ секако не доби шанса, не гледам зошто би останал, иако можеби би бил предводник наредна година.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Играчи со кои клубот има активни договори:

Гогов (2024)
Добрковиќ (2024)
Мишевски (2024)
Георгиевски (2024)
Ѓуќиќ (2024)
Аларов (2025)
Јагуриновски (2025)

Ова е од она што било споделено низ медиуми, друго инфо немам.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Продолжуваат со уништување со се што е од СД Вардар.
И коа ќе ми каже некој не вложувале во ФК ради долговите, еве во РК е ситуацијата чиста па пак никој не го зима, а јасно е и зашто дека и да проба да вложи некој ќе му прават сопки и опструкции.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Продолжуваат со уништување со се што е од СД Вардар.
И коа ќе ми каже некој не вложувале во ФК ради долговите, еве во РК е ситуацијата чиста па пак никој не го зима, а јасно е и зашто дека и да проба да вложи некој ќе му прават сопки и опструкции.
Нема фирма што сака да вложи ни во ФК Вардар, а не па во ракомет. Влегувањето на Кире и Алкалоид во ракометот значеше и крај за амбициите на Вардар, нема таква будала што може финансиски да се носи со Жика и медиумски со комбинацијата од него и Кире.
Тоа е нешто како влезот на Самс што ги уништи Металург, едноставно Минчо сфати дека нема поента повеќе да вложува во ракометот.
Стратегијата на намалување на странците во првенството и приграбување на сите квалитетни млади македонци во Алкалоид и Мулти есенс значи дека треба да вложиш многи пари за да одржиш чекор.
Кога на тоа ќе се додаде и финансиско стабилниот Пелистер, јасно е дека нема да се најде фирма која ќе се носи финансиски со двајца противници од кои едниот ќе се бутка низ годиниве што следат.

Спас за Вардар можеше да се најде во годиниве после најголемите успеси, да успеевме да приграбиме некој странски спонзор што ќе сака да се пробие во Македонија. Пробуваше Михо и не успеа, то је то.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Ако се паметни, нека ги соберат најквалитетните млади играчи кои веќе немаат потпишано во РК Алкалоид/Мулти Есенс. Има доста на квантитет, но не можат сите да завршат таму, ќе треба да направат уште 3 тима. Вардар би бил идеален тим за нивен напредок, затоа што има ретко добри услови за тренинг инфраструктурно. Неколку примери:
  • Димковски и Стојановски од Пролет (особено првиот е доста интересен и има срце како планина, цела сезона игра во Супер лига и сам ги тепа Мулти Есенс во младинската лига, а лани беше МВП на шампионатот 2004 година).
  • Владимир Наумоски од Охрид (мислам дека има договор до 2024 со нив, но не добива минутажа таму поради Горан).
  • Антонио Николовски од Младост Богданци (овој играч има потенцијал да стане страшен специјалист во одбрана).
Ова се само неколку примери за почеток. Можеби на некои ќе им звучи смешно, но за година или две, ќе добиеш готови играчи за следниве 10 години, кога веќе буџетот е толку.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Чекајте бе малце, ако имате конкретни информации дека нема да ја биде ок, ама да не претпоставуваме што како. Да оставиме да видиме што ќе се дешава во трансфер периодов.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.913
Поени од реакции
9.519
Нормално е да се повлечат нешто слично што направи Металург кога знаеа дека неможат со тој буџет да се носат ваш. Очекувајте да живуркате барем да не згаснете тотал или некој ксмет некој јак спонзор да се нафати да спонзорира ама тешка работа чим битните играчи домашни напуштат толку е.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Јас верувам дека ќе дојдат играчи. Најверојатно ех-Ју некои, ама нема да остави Михајло така. Мое мислење. Тешко дека ќе се состави тим кој ќе може да биде конкурентен за титула, ама некој од сенка што може да изненади и да ја освои, мислам дека ќе може.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.683
Благојче го означува крајот на Вардар, утакмицава е показател во која насока ќе оди иднината на клубот.
Малку Благојче, малку судии, малку три пати послаб тренер.
Тоа е тоа...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Не ја гледам, пуштив само ситуација да видам, ама резултатов не ветува воопшто дека нешто позитивно можеме да очекуваме во наредната сезона...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom