Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.135
https://www.gol.mk/rakomet/po-stapkite-na-tatko-mu-vardar-go-lovi-talentiraniot-sin-na-petrikj Буџетот на Вардар за следната сезона ќе биде намален за разлика од оваа, а се очекува костурот на екипата да го држат ракометари од Балканот и од Македонија.
Се познава и по трансферите ги пуштаме најдобрите и воедно најдобро платени а носиме млади играчи.
Па и тоа е добра тактика во оваа ситуација. Петриќ ветува доста, има се што треба, мислам дека и нема толку да се осети одењето на Тале пошо и од него би го добиле она што го добиваме од Тале, ништо помалку. Али ајде да видиме прво дали и воопшто ќе се оствари трансферов. Погоре исто предлогот со Трнавац е топ, одличен голман е.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Млади играчи се ова, нема да може да се носиме со посериозни екипи ако на нив се ослонуваме. Сметајте дека Еурофарм ако ја земе титулата следната сезона ќе има прилично појака екипа од сега. Па, со играчи 18-23, било какви балкански таленти да се, нема да се има шанси да се носиме ни со нив, ни во ЛЕ со посериозни екипи. Замена за Тале, не е ова. Океј за нешто ко втора-трета опција, ама стартер, не.
 
Друже, продолжуваш да живееш у филмот на шампионските денови. По мене, ако имаме саглам тренер Петриќ и тоа како може да биде замена за Тале. Тале не е бек кој е нешто подвижен во смисла да има влезови и доколку не му оди шут да преферира таква игра, а и асистенција нема никаква, така да не губиме некој ол раунд играч. Мислам дека Вардар како клуб одлично ќе му дојде на Петриќ, а и он као ракометар на нас. Ако се скоцка надежна екипа, може да се носиме со конкурентите у МК лига, се е можно зашто да не. За Европа, во оваа ситуација битно е да настапуваме, да се билда екипата, за успеси не знам какви никој ни не помислува.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Каков таков, Тале е озбилен играч, со искуство од ЛШ, бундес, светски/европски првенства. Научен да игра под притисок. Не може да очекуваш да носиш играчи од српско првенство во рани 20ти и да бидеш конкурентен со екипа како Еурофарм, што ќе начука странци накај 30 што играле по Франција, Германија.

Океј, нека носат вакви играчи. Ама ова да се втори опции, за од клупа. Ене го донесоа оној Добрковиќ. Бил ваков-таков кадет, минута не изигра во посериозни натпревари. Зошто? Зошто не може. Бутинот го знае тоа, и не го пушта. Не е спремен за ова ниво. Сепак, ако не сме шампиони, амбициите треба да ни се да бидеме шампиони, и со скратен буџет. Ако тоа е планот, подобро е да се носи некои посериозни потрошени играчи, кои ќе ги шутнеме за година, две макс, наместо да се носат таленти од кои не можеш одма да капитализираш. Луѓе сакаат да мислат дека треба да се гради екипа со перспективни играчи, ама на кратки стази тоа нема да вроди плод. А ако не играме ЛШ, не може да привлечеме посериозни спонзори и играчи. Така што, нас ни требаат ракометари што можат веднаш да направат некој посериозен ефект. Нека има перспективни играчи, ама за од клупа.
 
Работата е дека вероватно ( не сум запознаен не можам да тврдам) буџетот е таков да не е можеме да си дозволиме да го донесеме Петриќ као втора опција и плус бек кој ќе биде појак квалитет. А можда и можеме, не се знае. Петриќ e различна прича од Добрковиќ, он и беше донесен за резерва и уште стојам на ставот дека не доби шанса колку што требаше, на сметка на Карапале. Ресенскио Мурињо по ресенска линија тоа. Небитно, има разлика од Петриќ до Добрковиќ, Петриќ е три четитри години постар а тоа е голема работа во ракометот. Нас не иѕбуши, мислам и шурите (не можам точно да се сетам), гледам во европските купови ги напунил и Горење, тоа се калибар тимови и против кои ќе игра. Со такви, чак и послаби засилувања од регионот, Тиквеш, Охрид, и Алкалоид (со наши млади ракометари) успеваa да парираат, па зашо ние со добро скоцкан тим по тој терк не би парирале. Не гледам причина зошто не би бушел во наш состав. Ја лично сметам дека ако успееме да задржиме дел од составот, пример Дутра, и уште неколку као Томовски (плус некој као Трнавац), Лазаревски дефинитивно, па Пертриќ доколку дојде, плус со добар скаутинг може да се испазари ок и во Босна, Хрватска, Србија. Можеме итекако да бидеме конкурентни во домашно првенство, ја стварно мислам дека можеме. Ќе видиме, времето ќе покаже.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Нас не иѕбуши, мислам и шурите (не можам точно да се сетам), гледам во европските купови ги напунил и Горење, тоа се калибар тимови и против кои ќе игра.
8 гола ни даде нас на едната. Ама не е сериозен натпревар тоа, во смисла кај што нашиве 100% се залагаат. Оној Рабек од Прешов стално не пуни со години, ама донеси го во Вардар, во ЛШ калибар натпревари, нема да игра така тогаш.

Не викам да не го земат дечкото, и дека нема да се покаже. Само според мене фокусот треба да се удри на играчи од типот на Куни, 33-35 години, кои можеш да ги искористиш за една сезона две, резултат да направиш. Па кога ќе фатиле ЛШ, ќе ги смениме со подобри.
 
Сфаќам која ти е поентата, ама ако така гледаме и тоа е рискантно. Тоа што се потрефи Куни е друга работа. Не знам, по мене Михајло ќе направи некоја комбинација и од постари и од млади. Секако тоа што е во доменот на можностите. Не знам Дутра дали потпиша на една година или на повеќе, би било добро да можеме да го задржиме. Моја желба е Лазаревски исто да остане, секако Томовски. Ќе видиме. Општиниве инвестираат нешто во РК Вардар? Има Михо некоја финансиска поддршка од таа страна? Би било добро Кисела Вода да пушти нешто со оглед на тоа дека ќе се враќаме во Расадник. Штета што во Македонија не се форсира оној модел една фирма или спонзор за еден ракометар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Лазаревск и ја мислам дека треба да остане, а Дутра беше на 6 месеци договор.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.135
Криминално прво полувреме. 18-15 за Тиквеш иако губевме и со пет или шест разлика. Една ебана акција не можеме да направиме против Тиквеш. Одбрана практично и не постои, Томовски и Боре со 0 одбрани цело прво полувреме. И покрај тоа што шансите за изненадување во Охрид се скоро никакви, (води пАлистер 11-14) оваква бламажа од настап не ни треба. Паркет избришаа со нас. Во второ бар да стегнеме у одбрана, да покажеме малце карактер, за разлика од очајново прво полувреме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Со 0 одбрани толку е :D

Не дека нешто значеше утакмицава, ама мислам ова е почеток на депресијата што не чека утре на фудбал :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.851
Поени од реакции
3.318
Добро, ако Охрид ја даде утакмицата, не значи дека и ние требаше да ја дадеме на Тиквеш.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Не знам баш дали ја дадовме, едноставно истоштени се и немаа мотивација за разлика од противникот на кој му требаше бод за Европа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom