Каков таков, Тале е озбилен играч, со искуство од ЛШ, бундес, светски/европски првенства. Научен да игра под притисок. Не може да очекуваш да носиш играчи од српско првенство во рани 20ти и да бидеш конкурентен со екипа како Еурофарм, што ќе начука странци накај 30 што играле по Франција, Германија.
Океј, нека носат вакви играчи. Ама ова да се втори опции, за од клупа. Ене го донесоа оној Добрковиќ. Бил ваков-таков кадет, минута не изигра во посериозни натпревари. Зошто? Зошто не може. Бутинот го знае тоа, и не го пушта. Не е спремен за ова ниво. Сепак, ако не сме шампиони, амбициите треба да ни се да бидеме шампиони, и со скратен буџет. Ако тоа е планот, подобро е да се носи некои посериозни потрошени играчи, кои ќе ги шутнеме за година, две макс, наместо да се носат таленти од кои не можеш одма да капитализираш. Луѓе сакаат да мислат дека треба да се гради екипа со перспективни играчи, ама на кратки стази тоа нема да вроди плод. А ако не играме ЛШ, не може да привлечеме посериозни спонзори и играчи. Така што, нас ни требаат ракометари што можат веднаш да направат некој посериозен ефект. Нека има перспективни играчи, ама за од клупа.