Фан клуб - РК Вардар

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.291
Не знам баш дали ја дадовме, едноставно истоштени се и немаа мотивација за разлика од противникот на кој му требаше бод за Европа.
Да водеше Охрид во прво, ќе беше и друга приказна. Небитно, очеував дека ќе кикснеме и дека Пелистер лесно ќе победи во Охрид. А на Тиквеш со среќа во Европа! Тие и онака подобро би се претставиле во Европа отколку Охрид.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
И мене ми е помило што Тиквеш место Охрид ќе игра Европа, иако овие последниве делуваат дека имаат посериозен проект.

Сепак, ние за нас треба да се секираме. Ќе биде тешко да изградиме екипа за титула после оваа сезона. Да не не избркаа од ЛШ оваа година, уште неколку сезони ќе доминиравме во Супер Лига. И сега требаш да ја освоиме титулата, зошто пак мислам дека имам појака екипа од Еурофарм, што и покажавме во меѓусебните дуели, и покрај пократката клупа, ама што се изгулупиваме, за тоа мора да се одговара.

Проблем, сеа кога ќе ти отидат многу играчи, тешко да најдеме достојни замени и за овие што ги имаме. Плус, сите ќе се појачаат за следната година. Тиквеш ќе игра Европа, ќе донесе некои играчи. Бутел е паднат, ќе види да се појача, да биде конкурентен. Охрид почна странци да носи, Киро ќе се засили, Еурофарм ќе донесат играчи за ЛШ. Тука и Пролет може да биде некој спојлер. Следната година ќе биде ептен конкурентна во Македонија. Највеќе ме интересира дали Алкалоид ќе донесат некои странци, зошто Киро рече еднаш дека не е против 2-3, ако се супер квалитетни.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Највеќе ме интересира дали Алкалоид ќе донесат некои странци, зошто Киро рече еднаш дека не е против 2-3, ако се супер квалитетни.
Тој муабет беше за во репрезентација, за во Алкалоид веќе донесоа :D
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Тој муабет беше за во репрезентација, за во Алкалоид веќе донесоа :D
Не те разбирам. Он во едно интервју рече дека не е против 2-3 страни во Алкалоид, ама да се поквалитетни од тоа македонско што има слободно на пазарот. Да не се носи било што, туку некои кои со сигурност ќе го дигнат квалитетот на екипата.

EDIT: Ау, сега видов дека договориле некој :) Ама гледате, Лазаров го применува концептот што го спомнав пред некој ден јас. Ќе носи постари, кои немаат многу опции, проверени, што може да изиграат уште една-две сезони на Океј ниво, за инстант резултати.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.121
Поени од реакции
5.227

Дај линк наваму да ѕирнам што странци донеле у Алкалоид
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Кажав ја уште кога се појави Алкалоид дека не може ништо да направи само со македонски ракометари, ни во мак лига а посебне не во Европа. Така да тие што поверуваа дека тој проект може да биде добар дали за репка дали за нешо друго се заебале гадно.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Киселите по коментари во транс паѓаат за Вардар...
 
Член од
27 април 2020
Мислења
42
Поени од реакции
126
Со алкалоид во последно коло ќе има за играчите повторно многу дресови во рамка за опростување. Тоа е лош знак дека многу играчи си заминуваат од Вардар. Досега сигурно заминуваат Куни(Загреб) и Тале (Бенфика), треба да се поздрават за се она што го дадоа во црвено црниот дрес. Мечот има големо значење, обезбедува место во сеха лига и побитно директен пласман во групи за лига европа. Да не дозволиме тие од фабриката да бидат побројни од нас, затоа сите во сала во сабота од 19
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Засега не делуваат ветувачки најавите за наредна сезона,барем ако гледаме по трансферите и заминувањата.
Куни официјално заминува,Џомба во пензија,мислам дека и тоа ќе биде тоа и од Столе,сезонава изигра само на побитните натпревари со Алкалоид и Пелистер чисто колку да помогне,веројатно и последна сезона за него во професионална кариера.
Манасков во подкастот што гостуваше кај Лазаров кажа дека има договор со Вардар до 30 Јуни,за понатаму нема ништо договорено и не знае дали ќе продолжи во Вардар или ќе замине.
Борко одамна е со една нога во пензија и прашање е кога официјално ќе се прости.
За Талески официјано ништо немаат потврдено од клубот ама според муабетите што кружат и тој заминува.
Неговото заминување е уствари тоа што најмногу ме плаши за иднината на клубот,стварно Тале беше играч што претходниве сезони остави срце на терен и буквално се заљуби во Вардар и навивачите во него,имав чувство дека после Столе тој може да биде капитен и лидер на екипата,во Вардар му оживе кариерата,се гледаше и дека тој го цени тоа,цела атмосфера во клубот,дерби дуелите со Пелистер и врската со навивачите премногу му годеше,најдобрите партии во кариерата му беа овие последниве кога се боревме за титула.
Сигурен бев дека после тоа што му го пружи Вардар нема пари за кои би заминал,освен ако премногу паднат амбициите на клубот,а по се изгледа дека тоа ни следува.

Цела прва постава заминува,а најавите за "засилувања" се дааааалеку од сегашниве играчи,чисти просеци од српска лига која е дури послаба и од нашата.
Останатото што го имаме во клубот е на рамниште на Тиквеш и Бутел,со играчи како Карапалевски,Томи,Аларов,Ќосевски,Мишевски и така натаму нема да може ни за 4то место во домашно првенство да се бориме.
Се надевам дека грешам со проценката ама како стојат работите засега ние ни со Алкалоид нема да може да се носиме,а не па со Пелистер,сигурно ќе имаат и они многу подобри играчи за следна сезона,ќе играат ЛШ,а со тоа автоматски имаат поголеми шанси за да донесат саглам засилувања.
Ќе видиме што ќе биде,ама мене не ми мириса на јорговани.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Штета за Диало и Тито што заминаа одлични играчи ама без пари тоа е.

Sent from my 2201116SG using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029

Не грешиш со проценката, се знаеше дека таква ќе биде иднината на клубот, полека се повлекува Михо, а нема замена.
Од идна сезона Пелистер и Алкалоид ќе се борат за титулата, со тоа што вториве ќе се засилат и со странски ракометари, а ние прашање е дали ќе бидеме на ранг на Охрид и Тиквеш.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Многу сте песимисти. Џомба мислам дека не оди во пензија, нешто ќе балансира теренски води и активна игра колку што разбрав ја. Тале сигурно ја бега, и со право. Манaсков мислам дека многу мали шанси има да остане, скоро нула. Куни готово си оди. Ја мислам дека ќе дојдат некои играчи, нема да се остави така. Шанси да се склопи тим за титула не се сјајни, ама дека ќе има засилувања, сигурно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom