Фан клуб - РК Вардар

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Одлично изгледа Вардар на стартот на сезоната. Пријателските на стартот беа загржувачки а и реално по сите тие заминувања како и групата во која се наоѓаат во ЛШ имаше голема доза на скептицизам во јавноста но засега се далеку далеку над очекувањата. Парондо одлично се снаоѓа. Дури би рекол дека воведе интересни новини во играта.

Од новите засилувања сите си имаат свој придонес, но особено мора да се издвојат Милосављев и машината Скубе кои реално и имаа невозможен притисок - да ги заменат незаменливите Циндриќ и Штербик.

Како и да е, ќе видиме како натаму. Групата е страшна, дерби по дерби цела сезона. Бодовите во гости злато значат, затоа е важен тој триумф во Монпелје (кој еве се мачи и во Брест).
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Монпелје изгледа ќе изгуби од Брест, губи 4 разлика на 5 мин до крај. Барселона цел натпревар го контролираше резултатот со Веспрем, кој искрено не делува како нешто посебно оваа сезона. Иако, полни се со јаки имиња. Имаше една анализа пред да почне сезонава дека Веспрем е на хартија појак него на терен, со оглед дека некои од најголемите имиња се на залез на кариера и прашање е како ќе играат оваа година.

Ние овој натпревар го решивме за скоро 5 минути. Колку беше 7-0? Така што, по таков старт, навистина не може да се процени квалитет на игра, зошто противникот е деморализиран, ти леташ со самодоверба и тоа не е вистински приказ.

Чудно е што Парондо експериментира со позицииве, малку бизарно. Го стави Поповски да игра бек, па овој уште скока од 9 метри да шутира (во блок се разбира). Против Стеауа го стави Мишевски да игра крило. Но, убаво е што сите добија шанса.

Уште си стојам на мислењето дека Киселев ми е со сомнителен квалитет за екипа од рангот на Вардар. Како играч што би требал да игра важна улога, а не да пополнува место во ротација за СЕХА.

Штета што имаше толку малку публика. Се надевам дека ќе се промени тоа. Иако ова со ТВ правата може и ја намалува свеста за РК Вардар, па може и негативно влијае на публиката во сала. Не знам. Се надевам против РНЛ ќе биде полна салата.

Инаку, Оцврик не беше во составот поради некоја причина.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Премногу луѓе ги имаат откажано сезонските карти.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
382
Поени од реакции
1.078
Премногу луѓе ги имаат откажано сезонските карти.
Кој ги ебе, вака бар се знае дека поддршката е поискрена, иако бројно помала. Верувам дека тоа го почувствуваа сите кои денес беа во сала, посебно околу 50-та минута кога сите на нозе 3-4 минути ја пееја "тебе те сакаме, тебе те бодриме..."
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Може и цените се малку високи, 350 и 400 ден. Ама, аргументот на Самсоненко му е на место. Он плаќа да има врвна екипа и да победува врвни ривали. Ако сакаш да го гледаш тоа и да се радуваш, дај и ти некој денар, поддржи го проектот.

Али, мислам да беа по 200 ден билетите ќе имаше повеќе публика.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Монпелје изгледа ќе изгуби од Брест, губи 4 разлика на 5 мин до крај. Барселона цел натпревар го контролираше резултатот со Веспрем, кој искрено не делува како нешто посебно оваа сезона. Иако, полни се со јаки имиња. Имаше една анализа пред да почне сезонава дека Веспрем е на хартија појак него на терен, со оглед дека некои од најголемите имиња се на залез на кариера и прашање е како ќе играат оваа година.

Ние овој натпревар го решивме за скоро 5 минути. Колку беше 7-0? Така што, по таков старт, навистина не може да се процени квалитет на игра, зошто противникот е деморализиран, ти леташ со самодоверба и тоа не е вистински приказ.

Чудно е што Парондо експериментира со позицииве, малку бизарно. Го стави Поповски да игра бек, па овој уште скока од 9 метри да шутира (во блок се разбира). Против Стеауа го стави Мишевски да игра крило. Но, убаво е што сите добија шанса.

Уште си стојам на мислењето дека Киселев ми е со сомнителен квалитет за екипа од рангот на Вардар. Како играч што би требал да игра важна улога, а не да пополнува место во ротација за СЕХА.

Штета што имаше толку малку публика. Се надевам дека ќе се промени тоа. Иако ова со ТВ правата може и ја намалува свеста за РК Вардар, па може и негативно влијае на публиката во сала. Не знам. Се надевам против РНЛ ќе биде полна салата.

Инаку, Оцврик не беше во составот поради некоја причина.
Во ова со Поповски логика има само ако Киселев се пожалил нешто на повреда, инаку нема никаква логика да експериментира таму со Поповски.
Очекував Оцврик да добие некоја минута, ама ете не беше во составот, сигурно си има причина зашто не е во составот, ваљда некоја поситна повреда има заработено на тренинг.
Јас после ова со неоткупувањето на ТВ правата, очекував добро да се одрази и да има повеќе публика во сала, ама ништо од тоа. Добро што групата е со атрактивни противници па ќе си биде пуно со Барселона, Веспрем, Кјелце, РНЛ, Монпелје.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ok e sladoled so prasanjava, koja tv dava rakomet a so gomna se izede ovde, sea kaj e Stole? Ide glej go gubentis i ne umaraj

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Друже, разлистаја неколку страни назад ќе видиш, Столе има скршеница на раката и пауза од неколку месеци, Ѓорѓевски до нова година, а Горбок до крајот на сезоната.
За луѓе очекував повише, заслужија момците, но ние како народ вредностите на работите ги сфаќаме само кога ќе ги нема.
За играта што да се каже многу добро се погодија играчите, и се игра лесно и разновидно у напад, одбраната добра, иако немаше преголема мотивација.
И како кажа коментаторот на Арена спорт: Со каква страст, љубов, мотивација играат овие момци за црно-црвениот дрес.
Браво!
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Најквалитетните социолози и психолози да се соберат и да им се даде задача да најдат некакво објаснување зошто Македонците функционираат и се однесуваат на тој начин, ќе биде џабе.

За година, две, три или колку и да се, кога Вардар ниту во поглед на ростерот, ниту во поглед на организацијата ќе биде на ова ниво, 90% од т.н. фанови или поддржувачи на РК Вардар ќе коментираат како умрел спортот во Македонија и клубовите биле мизерија. Па ќе "носталгичарат" по времињата кога Вардар газел се пред себе против екипи како Барса, Кил, РНЛ, Монпелје, а истите тие не мрднале ни со мал прст за на некој начин да го поддржат клубот, освен да замараат на фејсбук со глупави коментари околу тоа кој трансфер колку чинел или не, притоа имајќи изгледано вкупно 10 ракометни утакмици во својот живот. И за жал, ова не е само случај со Вардар. Мора максимално да ја смениме менталната матрица ако сакаме да имаме спортски клубови на некое солидно ниво.

Очекував каде-каде по тежок меч против Кристијанштад, особено по гледање на утакмицата помеѓу нив и Мешков минатата недела. Секоја чест за целиот тим!
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Многу е едноставно не треба анализирање,луѓето одат да ги гледаат екипите кои играат против вардар(барцелона/веспрем/киелце/рајнекар...)а не да го гледаат Вардар против било кого,кога ова ќе се смени и салата ќе биде полна...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom