- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.562
- Поени од реакции
- 29.157
Јас не реков дека Вардар - Ѓорче ќе има повеќе публика од Вардар - Кристијанштад или било која екипа од ЛШ. Луѓето сакаат популарни имиња и клубови да доаѓаат, пред се фудбал па после ракомет. Тебе Градски ти изгледа огромен па и да има 10.000 публика ќе речеш празен дека е, што реално тешко е у оваа мизерија од лига да очекуваш полн стадион. ФК никогаш не бил константен. Затоа и нема публика.Кај е публиката за фудбал ако луѓето го сакаат? Не може стадиони од 3 илјади да се наполнат. По 200 души има на утакмици со децении. Порано бесплатен беше влез на Работничи - Вардар, 50 души на натпревар, дедовци семки јадат. Порано редовно одев на Македонија Ѓорче Петров, кога беа јаки, пред да го освојат купот 2006, 100 ден карта, во лига 150 души на трибини. Некогаш ни толку.
Јас не негирам дека фудбал е попопуларен спорт секаде во свет. Но, ете Еурофрам - Пелистер пред недела 4 илјади гледачи. Гледај Охрид некогаш кога игра, полна сала две ипол илјади. Вардар - Борец пред неколку години полна сала. Во Струмица имаше публика. Не може да се негира дека пред неколку години имаше зголемен интерес за ракомет и луѓе гледаа. Фудбал секогаш било исто. Ако има нешто што вреди да се види, луѓе ќе отидат и тогаш пак не полн стадионот. Го наполнија ли до даска еднаш за Лига Европа? Сум идел, сум гледал со години. Знам како е. На битни натпревари од второ коло ЛШ, по 3-4 илјади души немало на стадион. Па, Македонија - Холандија 2004 не беше полн стадионот а тогаш собираше 18 илјади, Македонија - Англија едниот натпревар не беше полн стадионот. Знам, зошто сум бил. На репрезентација по 5 илајди луѓе немало со 150-200 ден карти.
Иако, на тема, мислам дека интерес за ракомет е во надолна линија и тоа е тоа![]()
Ракометот е популарен исто колку кошарката. Се деси Хрватска 2008 сите станаа ракометари, после Литванија сите беа кошаркари. Тие 2 спорта се едно 5 скалила под фудбал, секаде во свет па и во државава. Тоа што градови како Велес, Битола и Струга си пратат ракомет е затоа што од секогаш биле популарни градови, да не речам сите ракометари од тие градови/клубови се излезени.
Горе доле го збориме истото. Кажав и во првиот пост, луѓето ќе си најдат 1000 други занимации пред да одат на утакмица. Не сме таква нација, чекаме само некој успех и сите аеее столе иконаааа, аеее дамјан мека рука, античу ѕверу.