Монпелје изгледа ќе изгуби од Брест, губи 4 разлика на 5 мин до крај. Барселона цел натпревар го контролираше резултатот со Веспрем, кој искрено не делува како нешто посебно оваа сезона. Иако, полни се со јаки имиња. Имаше една анализа пред да почне сезонава дека Веспрем е на хартија појак него на терен, со оглед дека некои од најголемите имиња се на залез на кариера и прашање е како ќе играат оваа година.
Ние овој натпревар го решивме за скоро 5 минути. Колку беше 7-0? Така што, по таков старт, навистина не може да се процени квалитет на игра, зошто противникот е деморализиран, ти леташ со самодоверба и тоа не е вистински приказ.
Чудно е што Парондо експериментира со позицииве, малку бизарно. Го стави Поповски да игра бек, па овој уште скока од 9 метри да шутира (во блок се разбира). Против Стеауа го стави Мишевски да игра крило. Но, убаво е што сите добија шанса.
Уште си стојам на мислењето дека Киселев ми е со сомнителен квалитет за екипа од рангот на Вардар. Како играч што би требал да игра важна улога, а не да пополнува место во ротација за СЕХА.
Штета што имаше толку малку публика. Се надевам дека ќе се промени тоа. Иако ова со ТВ правата може и ја намалува свеста за РК Вардар, па може и негативно влијае на публиката во сала. Не знам. Се надевам против РНЛ ќе биде полна салата.
Инаку, Оцврик не беше во составот поради некоја причина.