- Член од
- 4 ноември 2017
- Мислења
- 2.199
- Поени од реакции
- 4.171
Мене ми е чудно ова со публикава. Кога почна натпреваров и видов дека повеќе од пола салава е празна, отидов на Ticketplus.mk и таму пишуваше дека има останато 1.300 карти. Сега мене ми е малку мистерија колку всушност капацитет има салава, пишува 6500 на официјалниот сајт, ама јас сум скептик. Во секој случај пред да истечат роковите за сезонски билети на ticketplus пишуваше дека има 2600-2700 карти останати. На спортмедиа, пишуваше дека ПОЛА од сезонските билети се распродадени. Сега, некои карти не се продаваат, за ВИП ложата и некои блокови никогаш не се во продажба, претпоставувам овие се за спонзорите на клубот, горска, свислион, сенатор, триглав и други. Според ова, луѓе со сезонски билет не одат на СЕХА, а и на овој натпревар не отишле, или никој друг немал интерес да купи карта. Секој случај, чудно. Мислам дека и со преносовие, луѓе не гледаат ракомет, не ги гледаат победиве, паѓа свест за Вардар и помалку луѓе во сала. Ќе видиме со РНЛ што ќе биде. Да не избрзуваме. Лани беше скоро полна салата со нив. Само со Барса и Кил беше до последно место. Ок, и СЕХА финалето со Загреб.