Сезоната уште не е почната и РДМ експериментира со составот.
Лани имавме лоша игра па накрај ем ФА куп ем ЛШ земавме.
Сега за сега единствено нешто што барам од тимов за сезонава е освојување на Клупско СП и топ 4 пласман во ЕПЛ.
Да се сложувам дека Хазард е малку оверрејтед ама факт е дека ова му е 4ти натпревар со тимот и ќе му треба време да се навикне на англискиот фудбал пошто дојде од франција а има разлика од француски и англиски фудбал.
Ќе имаме супер тројка зад Торес - Мата-Хазард-Марин/Оскар. Овој напаѓачки состав ќе биде многу опасен ама ќе треба поприлично време да се разигра.
Така да оваа сеозна ја сметам како подготвителна за следните во кои што би требало да освојуваме титули во ЕПЛ.
Не дека нема шанси и оваа сезона да бидеме конкурентни во ЕПЛ ама не ми се верува дека бргу ќе се воигра тимов.
Добро е да беа само експерименти. Ама тоа шо истото го гледав во сите дуели (освен вс Милан, не гледав тогаш), мати сметки.
Каква лоша игра? Мислиш, не ја гмечевме топката и бевме директни? Тоа е лоша игра? Често бевме несигурни, е то е, зошто не знам.
Шо да се воигра тимот? Уште невоигран можам да ти кажам против игра за нивната „идна воиграност“, знам јас аматер, а треба да зборуваме дали знаат врвни професионалци по Јунајтед, Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Милан....? Ова е за на видео игра, иако и таму е дискутабилно како ќе поминиш со одбрана поставена на средина на терен).
Да почниме од Торес, човекот е контранапаѓачки шпиц, му треба простор, не знае да ја лепи топката и да ја врти низ нозете. А кој простор со загушените нови ѕвезди на средина, притиснато од одбраната која е на средина на теренот? Значи поентата е во искористувањето на просторот, а не дали Хазард ќе помина двајца па третиот ќе му ја земе топката, или само еден а вториот играч ќе му ја земе; сето тоа на 25 метри од голот на противникот, додека Торес на 15 метри се фрустрира со тројца одбранбени околу него.
Го знаеш тимот на Арсенал кој во 2016 ќе ја растураше Европа? Прогуглај. Види го од денешна перспектива.