Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Не оди вака. Добро рече некој на твитер, како да гледам Челзи - Барса ама Челзи е Барса а Брајтон е Челзи. Вртат околу шеснаесетник и неможат да шутнат.
На Хазард не му оди на лево крило, се изгуби. Нека се премести он централно и одбраната да се стегне.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Уште од сега да си кажам цел во следнава сезона мене ми е топ4 пласман во ЕПЛ и освојување на Клупско СП.
Ова е почеток на нова ера во Челзи со нови играчи.Завршува ерата во која што костурот беше Тери-Лампард-Дрогба и почнуваме нова ера со Луиз-Хазард-Торес.
Пошто ова е почеток на нова ера и башка конкуренцијата е голема се надевам на топ4 пласман.

123456 Марин е повреден.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.227
Поени од реакции
8.338

аман бе, кој го повреди дај некое инфо, неможам лампард да го гледам веке.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
аман бе, кој го повреди дај некое инфо, неможам лампард да го гледам веке.
Ситна повреда е и за да не се ризикува затоа нема да игра денеска.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.227
Поени од реакции
8.338
леле бе Микел ми го ставил :facepalm:
единствениот Midfielder од цел свет што нема гол дадено :P
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
леле бе Микел ми го ставил :facepalm:
единствениот Midfielder од цел свет што нема гол дадено :P
Ако може да се верува на тетка Вики, има дадено два гола у куп утакмици уште во првата сезона.
Mikel scored his first goal for Chelsea in their 6–1 FA Cup victory over Macclesfield Town on January 6, 2007. He also scored against Nottingham Forest in the following round of the competition
Иначе сеа ќе се усреќиме со Турбуљ...мада сеа имаше една интересна одбрана.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.227
Поени од реакции
8.338
Сити во недела има да не напуни поштено, немаме никаква игра!!!!
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Сити во недела има да не напуни поштено, немаме никаква игра!!!!
Не се грижи за со Сити и тие се тапа пред-сезонава.
Инаку ние и минатата сезона бевме вакви па на крај ЛШ освоивме така да.. :)
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Не се грижи за со Сити и тие се тапа пред-сезонава.
Инаку ние и минатата сезона бевме вакви па на крај ЛШ освоивме така да.. :)
У реду минатата сезона... Али сега нови фацки се донесоа, некои стари заминаа, од Торес се очекуе да распали и такви некои муабети, а ние губиме 3-1 од некојси Брајтон :tapp:

Се надевам нема да го гледам истово и против Сити за некој ден...
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Јас ќе почекам да пројде Сити па да коментирам.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Најпаметно е да се почека цела сезона па да се коментира :D
 
JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Торес пак по старо си продoлжува можда и не крив што мора до центар да се враќа за да прими топка но не треба да очекуваме многу од него сезонава, со еден напаѓач како што е формацијава не може да ја разбијеме одбраната на противницитие тоа е факт а одбранава денес беше :facepalm:.Со оваа игра не очекувам никаква титула во премиер лига а камоли да ја одбраниме во ЛШ,ама кога ќе размислам подобро лани од каква мизерна сезона излезе најуспешна во историјата на клубот секогаш ќе очекувам и ќе се надевам во успех макар и да не плескаат екипи како Брајтон.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.227
Поени од реакции
8.338
Не се грижи за со Сити и тие се тапа пред-сезонава.
Инаку ние и минатата сезона бевме вакви па на крај ЛШ освоивме така да.. :)
последните 3 утакмици си ги пројде Сити, и тоа Арсенал Бешикташ и Малезија, тие се машини за играње, и тоа без Давид Силва...

А ние брука немам што да кометирам.
Бразил губи 1-0 и нека изгубат па нека дојде Оскар побрзо.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Јас стварно не знам кој нормален би се замарал со пријателски.
На крај краева и ова да беше лигашки натпревар пак не мораше ништо да значи.
Лани ви текнува како почна Арсенал на пр. во лигата па завршија пред нас.
Или на пр. ние како игравме Декември/Јануари/Февруари па на крај со двојна титула завршивме.

Така да појма немам кој би се замарал со пријателски
--- надополнето: 4 август 2012 во 18:18 ---
последните 3 утакмици си ги пројде Сити, и тоа Арсенал Бешикташ и Малезија, тие се машини за играње, и тоа без Давид Силва...

А ние брука немам што да кометирам.
Бразил губи 1-0 и нека изгубат па нека дојде Оскар побрзо.
Ама изгубија од Олдам :D.
Ти викам нема причина за паника ;)
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Најпаметно е да се почека цела сезона па да се коментира :D
Овие пријателски натпревари кои се играат пред да почне сезоната служат за враќање на формата на играчите и испробување нови тактики. Немора да се предзнак за тоа како ќе игра тимот кога ќе почне сезоната. Уште не се загреани играчите, пет играчи сеуште не се вратени.
Значи и со лоша игра и лоши резултати може тимот добро да се спреми за сезоната. Не викам дека не се воопшто битни, ама не треба уште од сега да се откажуваме од успех сезонава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom