Многу површно гледање ми е Мареска да ти е главен кривец за ситуацијата. Тоа беше јасно уште пред да почне сезоната, пред да има било каква ситуација. Не е он крив што нема искуство и што му е прва сезона на ова ниво. Не е он крив што му тупнаа голман кој уште лани сред сезона покажа дека не е доволно добар и го изгуби местото во стартниот состав. Не е он крив што втора сезона по ред целиот терет паѓа на Џексон како напаѓач и не донесоа ниту еден играч кој може да му е конкуренција напред. Да не продолжувам понатаму.
Уште летото реков, сезонава очекувањата мора да се обезбедување ЛШ, ама ако не се оствари тоа кривицата мора да падне на спортските директори, а не на тренерот кој они го избраа. И не ни мислам дека Мареска е лош. Баш мислам дека солидно се покажа до сега. Нормално дека има работи кои мора да ги подобри, за очекување е тоа. Ама ако сезонава заврши како неуспех за Челзи, мора спортските директори да бидат избркани. Тие што се истурате на Мареска не знам што очекувате ако он си оди, а луѓето кои ги носат сите одлуки останат исти. Се ќе остане исто. Дури и јас кој од старт сум оптимист за целиот проект, од отпштањето на Покетино па наваму гледам доста грешки кои доаѓаат од нив и не смеат да поминат без последици.
Сезонава очекував топло - ладно да е, но на крај сепак да имаат доволно за ЛШ. Далеку најмлад тим се и мора да прифатиме што следува со тоа, посебно кога ќе додадеш и неискусен тренер. Затоа и кога почнаа муабетите за борба за титула реков нека дојдат до момент каде ќе осетат вистински притисок и ќе видите одма како ќе почнат да им се тресат нозете. Малце несреќно е што се се случува одеднаш. Очекував пократки падови низ текот на сезоната. А почнаа подобро него што било кој очекуваше, со можеби најтежок распоред на почеток на сезоната од сите конкуренти за топ 4. Кога распоредот на хартија стана полесен, се повредија пак Фофана и Лавиа кои имаа битна улога, формата на доста играчи падна, се повреди и Џексон кој колку и да не беше во форма пред гол, сепак е многу битен за играта на тимот. И го гледаме ова што го гледаме сега.
Уште не е се завршено, очекувам да има подобрување кога ќе се вратат добар дел од играчите кои фалат на почеток на април, ама може да е прекасно. А и крајот на сезоната пак е тежок, затоа требаше овој период да се искористи за да се во добра позиција за топ 4. Иако губам надеж, ќе почекам да заврши сезонава пред целосно да судам, но дури и да завршат четврти и да освојат КЛ, мора од горе да се направат одредени промени за да покажат дека се сериозни околу тоа дека целта им е да се изгради тим за успеси, а не само за развој на млади играчи.