И после 5 саата неможам да се смирам, и секогаш кога помислам како во неверување ми е... Кој емоции јаооо, радост, среќа, за моменти тага, разочарување, па на крај да се заврши со Најсреќен крај :wink:
Господ денеска беше со нас, а Планета цела беше Црно-Бела... Клео мајсторе, ми е страв да не го продадат нашите на зимо
И после двата брзо примени гола, нашите не се предадоа, не подлегнаа на притисокот и продолжија да се борат лавовски, а на крај кога веќе се истрошија последните атоми на сила и да победат на Пенали... тоа го може само Партизан, општо како Спортско друштво, бидејќи бевме сведоци на многу вакви победи и во кошарка и во ватерполо (кој прател)
Е сега кога веќе сме дел од елитата, мора да се донесе нов голман, а Илиќ да биде поставен како резервен голман во ФК Телеоптик, филијалата на Партизан :wink:, десен бек исто така, бидејќи Стевановиќ не е играч за Партизан, и уште еден брз и експлозивен напаѓач како Клео... другите играчи се на место
И за крај... Права лига за тебе је Лига Шампиона, ти спреман си да идеш до највишег трона...
П.С. Моја желба за ждрепката е дуел со Манчестер Јунајтед :wink: