Со Тиаго на средина и Жота во нападот добивме на squad depth, тоа секако.
Сега, ќе биди интересно да се види кој ќе замини, пошто поќе од сигурно е дека сега ќе продаваме. Ориги најверојатно заминува, па би требало да се заработи „добро“ на него, Брустер многу веројатно оди во Шефилд со бај-бек клаузула, останва да му најдиме нов клуб на Вилсон, Грујиќ, Шаќири.
Се зборува дека ќе се донеси и штопер до крајот на преодниот рок, Озан Кабак се поврзува. Искрено, не сум го гледал никогаш, 20-годишен, втора сезона му е ова во Шалке, претходната бил горе-долу стандарден првотимец.
Клоп се чини си ги доби засега играчите шо ги сакаше, иако можда на бек не беше прва опција Цимикас, или пак можда Сар беше прва опција пред Жота, кој знае. Но, исклучително е важно дека се вложи во тимот и ова лето, мораше мало освежува. Не дека верувам ќе има „заситеност“ кај играчите, пошто срамота е да има заситеност по освојување на една титула во домашно првенство и една во Европа, туку едноставно да се освежи тимот и да се засили конкуренцијата. Ќе има борба на повеќе фронтови.
Сега чекаме на Едвардс to do his magic и да заработи 100-тина милиони до крај на трансфер рок.
