Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.674
Поени од реакции
7.319
Сега очекувам нова тетоважа од Брозо, таа да биде титулата освоена, ќе ја истетовира на некое лудо место, од што е забеган може и на чело да ја истетовира. :pos:
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Мораше да бидеме ние, тие што ќе ја прекинат серијата од 9 по ред на Јувентус. Целиов момент е како на филм. Штета што се ова се случува паралелно со некои историски настани, пандемија and all that, па не може фудбалскиот свет да се фокусира на цела оваа приказна, онолку колку што заслужува.
Јувентус освојува 9 титули по ред, пред да освојат 10 по ред, серијата им ја прекинува најголемиот ривал, трениран од нивна легенда, кој како тренер ја почна нивната серија на 9 титули по ред, со тим создаден од спортскиот директор, кој го градеше тимот што освојуваше 9 по ред.
Уште похоливудски крај би бил доколку во Торино за некое коло ги победиме во директен дуел односно да му го земиме тронот на нивниот терен..и плус да ги испадниме од Топ 4 местата...тоа би бил завршеток од бајките.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.953
Поени од реакции
23.811
Уште похоливудски крај би бил доколку во Торино за некое коло ги победиме во директен дуел односно да му го земиме тронот на нивниот терен..и плус да ги испадниме од Топ 4 местата...тоа би бил завршеток од бајките.
Слика од знамето!!!
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
ШАМПИОНИ!


После толку нервози, после толку мајки и шајки, што по газди, што по тренери, што по играчи, конечно!

Епа ај наздравје! :ајнапиво:





Христос Воскресе пријатели!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.859
Поени од реакции
116.089
:vozbud::vozbud::vozbud::busi::busi::kruna::kluc::misticen::sekc::jajce::gjavol::dudlac::kafence::несвест::pivo2::pivo2::pivo2::pivo2:
Не е можно волкава среќа да осеќам, нирвана допирам. Конечно бабани мои, ко факинг нечно, се породивме али ете го скршивме мразот и се надевам дека нема овде да застанеме. Среќен сум, радосен, весел, исполнет, поднапиен, така да све ќе истурам у постов, ќе ништам Јувенташи и Миланези, ќе воспевам играчи на Интер, така да ако ве мрзи да читате слободно скип.

Морам да признаам дека бев еден од тие што многу го критикуваа Конте на стартот и иако се уште имам замерки на одредени работи сепак мора да му се одаде огромна почит за тоа што го направи со екипава, комплетно го сврте менталитетот на екипата, нема веќе изгубени бодови кои треба да бидат добиени, нема тресење нозе у битни моменти, нема паничење, едноставно Конте влеа цврстина и сигурност кај момците кои само ги спроведоа неговите идеи на терен. Најбитно од се, НЕМА КЛАНОВИ во тимот, сите гинат еден за друг, тимскиот дух е на прво место!

Почнавме доста бледо и неубедливо. Факт е дека оваа цела сезона беше пандемиска, со триста маки што финансиски што играчки што кадровски, ама нели како за сите така и за нас па затоа не треба да се бараат изговори. Прво со Виола едвај победа уз ТРИ примени голови, Дамбо не спасуваше во последни моменти, потоа убедливо против Беневенто, киксови против Парма дома, пораз од Милан дома, башка корона фати кај одредени клучни играчи и се тоа на куп ги даде тие лоши резултати. Мене не ме загрижуваа резултатите него играта, особено во одбраната пошо примавме премногу голови. ЛШ класика блед почеток, реми дома со Менхен, реми на гости со Шахтјор, два порази од Реал и веќе бевме на прагот на елиминација. Сето тоа ме/не наведуваше да јадеме гомна за Конте, според мене оправдано затоа што е убедливо најплатен тренер во лигата и она што го гледавме беше недозволиво. Единствено нешто за кое не бевме во право беше трпението кое ете сега се покажа дека требаше да го имаме, ама бламот од ЛШ си останува и не смее да се случува на екипи како Интер. Друг проблем беше средниот ред, поточно играчот кој игра лево во таа тројка. Видал играше, Гаљардини играше, ама од авион се гледаше дека не е тоа тоа, се мачевме, не игравме добро и течно, немаше никаква поврзаност таа страна, се до вкопувањето на Ериксен во првиот тим. Откако го забетонира Конте во прв тим почна серијата од 11 победи која се покажа како клучна за Скудетото зашо реално тука се одлепивме на ривалите кои не можеа да го испратат нашето темпо. Конте ги придоби моите симпатии комплетно, сега на него и управата останува да го надградуваат тимот и да одат само нагоре, особено ова важи за Европа. Последниве неколку утакмици не ги играме баш во 5-та брзина ама не може да им се замери на дечките, некогаш треба и на резултат да се игра.

Поединечно можам да кажам дека чиста 10-ка од сезона имаа тројката назад, Барела, Броз и Лукаку. Монструозна сезона за нив, прави лидери на тимот и најзаслужни за титулата. Особено вреди да се истакне Барела кој веројатно ќе биде и идниот капитен, дечкото за една сезона прерасна во најдобар везњак во лигата, лидер на тимот, мотор, ватева. Играчина! :cuc::cuc:
Брозовиќ-играчина, доктор, машина, торнадо! Би го заклал за тетоважата на врат.
Лукаку :vozbud::cuc::cuc::cuc: Какво мочање врз сите хејтери, омаловажувачи, потценувачи, на неговиот лик и дело. Тромав бил, дебел бил, се губел на битни утакмици, не можел да биде лидер, вака така, дечкото ИЗГАЗИ сезонава, цел напад одеше на негов грб. Премногу ми е драго за дечково што конечно освои титула како лидер на еден тим, се надевам ова ќе му биде буст за следната сезона да биде дупло подобар.
За тројката назад што да се каже, едно огромно браво и наклон до под. Откако се средија срањата со короната што ги имавме на почетокот Конте ги закопа нив тројца во прв тим и од тогаш навака имаме многу малку примени голови и многу малце шанси дозволуваме да креираат противниците. Де Фрај господин човек, културен играч, интелигентен, омилен ми е. Миланче поздрав и се најдобро, пиле не прелетува покрај него, он реално имаше најдобра сезона во одбраната, изгази се пред себе. А лани пола жабарски весници го продадоа у Англија, мајката да им ја продадам идиотска, типот агентот го отпушти за да преговара со Интер и да потпише нов договор. Премногу сакам вакви играчи, дабогда до 50 години игра кај нас, вријажа од играч. Бастони е иднината на одбраната на Интер, млад и одличен штопер кој перфектно се снајде во тројката што ја форсираше Конте и изгази како и претходно споменатите двајца. Само нека продолжи вака Гери, нема зима за него.

На Хакими и Лаутаро намерно не им дадов 10ка зашо имаа осцилации али не смеат да бидат изоставени и неспомнати. Хакими имаше мали проблеми додека се адаптира, ама кога го сфати концептот на Конте изигра одлично и знаеме сите дека неаме гајле што се тиче десна бековска позиција у следните сезони. Јас се уште се чудам како успеавме ваков играч да земеме пред останатите гиганти. :toe: Лаутаро е мој човек, и он изигра супер сезона, далеку подобра од претходните две, следната очекувам да биде алфа и омега рамо до рамо со Лукаку и да имаат исти бројки. Господинот Ериксен! Каква поезија од играч... Жими се ми идеше од курот да си каснам кога зимоска скоро беше наредено да си оди од Интер, нормално прогласен за флоп, слаб играч, кур се тресе у ладна вода. Кој го гледал барем малце во Тотенхем ќе знае дека се работи за играч што го има фудбалот во малиот прст и стварно греота ќе беше кај нас ништо да не направи. Браво и за Конте што конечно успеа да го вклопи во 3-5-2 формацијата и ете резултатот е видлив за сите, лагана титула.
Перишиќ и Јанг коректно испорачаа лево со тоа што на Ешли ќе мора да му се заблагодарат летоска зашо има 59 години и веќе не е тоа тоа. Дармијан! Какво чоече е ова не ми се верува, сите бевме посрамени од неговиот трансфер за пола евро, а батето испадна џокерот на сезоната. Многу сакам вакви играчи, да го ставиш и вратар да биде нема збор да каже, што би рекол еден мој драг пријател ИГРАЧ ОД ЗАДАЧА. :pos: Не најозбилно, стај го лево испорачува, стај го десно испорачува, стај го штопер испорачува, а си го земал за кило семки. Многу фалеа во тимов вакви играчи испод радар што може многу да помогнат околу одредени работи.

Сарма. Добра сезона и за него која на крај ја усра со неколку срамни киксови што не би му се десиле ни на првоодделенец. Мерак ми е ептен што се закити КОНЕЧНО со титула, ама од следна сезона ќе мораат нашиве да бараат нов голман.

Санчез мислам дека треба да биде продаден летово, не дека он е лош играч ама некако осеќам дека не е тоа тоа. На некои утакмици внесуваше ептен живост во играта откако ќе влезеше, ама на некои ко да имавме играч мање. Брзината дефинитивно ја има изгубено, знаењето не, е сеа на управата е да одлучи дали вреди да држи играч со толкава плата на клупата. Ако може да се поднесе тоа финансиски уз новите трансфери што ќе се направат тогаш океј, ако не јебига нека лета Алексис. Видал коректно одработе за тоа што го изигра иако доби крајно дебилен црвен картон против Реал, али пошо и он има голема плата а често се повредува може и он да си замине слободно летоска, т.е. за него око нема да ми трепне, сместа нека се губи. Гаљардини играше многу поретко сезонава во однос на лани, поточно во првиот дел од сезоната играше на одредени мечеви, во вториот дел доста слабо. Иако сите не нервира пошо не разбира фудбал сепак не одигра лошо кога влегуваше во игра така да немам некои замерки за ушлето.

ДАМБРОЗИО!!!!!!!!!!!!!!!! Како може ваков играч да не биде сакан? Не знае да оди, спор, трапав, куртон, ама затоа става глава таму кај што некој не би ставил ни нога, трча како разулавен, се уфрла цело време на прекини, сече контри, праи глупи пенали, истрчува луди контри, едноставно играч што може све да напраи а поима нема од фудбал. Премногу го сака Интер, гине за него, зацементирај го до крај на кариера, А нема да каже ако влага од клупа, а кога ќе влезе ќе загине за тимот. Мојот човек Дамбо, му ебам тоа келнерот. Да не набројувам натака за другите играчи од клупа, ме мрзи а и небитни се.

Мора да се спомене и Пинтус, ако добро прочитав Интер е тим со најмала фрекфенција на повреди во Серија А и драго ми е што тој вечен проблем за нас ко екипа се среди последниве две сезони и нека остане така заувек. Речиси да нема мускулни повреди, пукање задна ложа, кинење мускули итн., што е многу важно во модерниот фудбал.

Михихихихихихихихилан и Јухухухухувентус. Ихихихибра и Рохохохохоналдо. Кои сте бе вие?? :pos: Особено ми е драго за носоња кој се изнајаде еден куп гомна за Интер и сеа на крај му преостана да му мрзнее гомното за пласманот во ЛШ. Роналдо кој бил донесен за да достави ЛШ со Јувентус, ги уназади и унакази за следните кујзне колку години. Ме боли кур, мило ми, грокчем ојдумрем. Џони и Урко би ги колел сега за глупостите што ги збореа дека едино од Јувентус се плашеле, вакви биле онакви биле, а ништо не беа освен греота.

За следна сезона во некоја наредна прилика ќе пишам нешто, нека заврши прво сезоната па ќе му ја мислиме.
Огромно фала на сите за оваа радост што ни ја пружија, вака се немам осетено мноооогу долго време, т.е. од 2010 година, а тоа е баш доста долг период, да не набројувам што се постигнал Сладоледџијата за тоа време зашо ќе повратиме сите колективно. Најбитно од се е што гомното наречено Јувентус е симнато од тронот, КОНЕЧНО и дабогда никад не стапнат веќе таму, од својот поранешен играч, капитен и тренер, тренер кој практично ја почна серијата од 9 трофеи во Италија, и спортскиот директор кој им го почна тој нивни проект. :icon_lol:

ФОРЦА ИНТЕР БАБУШИ, ЧЕСТИТО 19ка па следната сезона да ја зашиеме втората ѕвезда.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
ахахахахахаххаХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХХАХАХА СТЕК СВЕ ПИШАЛ АПСОЛУТНО НИШТО НЕ ПРОЧОИТАВ АФТОМАЦКИ МУ СТАИВ ЛАЈК КАО И НА СИТЕ У МИНАТИТЕ 4 СТРАНИ АХАХАХАХАХАА ЕДНО СТАВНМО ЖНЕАМ СВЕ ИАМ ИСПИЕНО ЧЕСТИТО ТИТУЛА НА СИТЕ ШТО СЛАВАТ СВЕ НАЈУБАВО И СРЕЌНИ ПРАЗНИЦ ВИ ПОСАКУВАМ ЈАС ИСКРЕНО И СВЕ НАЈУБАВО СРЕЌНА 19ТА ТИТУЛА НА ИНТЕР АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ И САМО НАПРЕД ИНТЕР ЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЛЕЛ АЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ И СО ТЕБЕ СМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ЛЕАЛЛЕЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ИИНТЕРЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЛЕ АЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
ООООООО СИОАМО НООООООООООИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ КАМПОНО ДИ ТАЛИЈААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Дури сеа сфаќам колку време уствари помина, колку долго беше ова мачење што го истрпивме сите, ама еве сме, преживеавме па макар и со некој минорен ментален проблем.

Ова чувство ме врати десетина години наназад, пошто ко вчера да беше кога славевме триплета, а некој месец претходно напраивме Фан клуб, Ио ни праќаше штампани маици кои ги делевме на школка, па веб сајт, па со Ико ќе напраевме по некое лого, Марли беше попаметен и идеше да го гледаме Интер заедно. Кога праиш фаст форвард од 11 години, многу работи се сменија бе све да му ебам, али таа наша црно-плава константа остана да не прати во животот.

Па каква бантер ера имаше господе боже, ау... Кузмановиќ, Скелото, Роки, Мвиља, језа да те фати. Идржавме, ама не смееме да заборавиме, уз нас издржа и еден голем ГОСПОДИН... гранде Андреа Ранокија! Океј, има премногу играчи што заслужија ваков трофеј, меѓу кои и Ханда, ама Ранокија увек ми бил омилен, прав професионалец, интериста, цар.

Сега мора да се продолжи со проектов кој го започна Сунинг (Маркез друже кажи им фала на „оризарите“ сместа), а ако се биде како што треба, очекувам доминација во следниве години, пошто имаме костур, имаме неколку играчи што или веќе се, или се на пат да бидат world class. Лаутаро, Лукаку, капитано футуро Барела, Ериксен, Хакими. За одбраната стварно неам збор, не знам кој е појак, Де Фрај со неговата смиреност и прецизност во секој чекор, Шкрињар со неговиот бетон менталитет или Бастони со жабарската фудбалска интелигенција и борбеност.

Фала гранде Жанг, фала Марота, фала Конте. Семпре Интер!
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.577
Поени од реакции
6.714
Какви кампони бе несреќо, земи опрај се некако... :pos:
На толку ојачани триглицериди и алкохол што и рурален белорус да ти позавиди добро е што ДИ го погодил:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom