Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
9.779
Одиме сега јако: Пиоли ис он фајр! :roker:

Иако на форумов миланезиве беа тивки, на твитер многу газеа на курот а и самиве играчи нивни беа пуни себе. Затоа и ќе ги стигне сеа све, мамката.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Неможам да ја искажам мојата радост за оваа титула...се чуствувам комплетно исто како во Ноември кога ја победивме Грузија и за прв пат изборивме пласман на Европско првенство...сега за клубски фудбал овој пат за нашиот Интер....кога влеговме во бантер ерата помислив дека то е то со нас и којзнае кога ќе се радвам пак на скудето со оглед дека Јувентус изгледаше како друга планета за нас во секој можен поглед....иако се некако бев сигурен одвнатре дека ние ќе бидиме тие кои ќе ги турнат од тронот и ќе го земат приматот како најдобар Италјански тим..

Иако со години бевме мизерни пак ги пратев и ги подржвав во секој момент....никогаш не се откажав од Интер иако најмногу ме има разочарано во животот дури и премногу ми има влијаено на самото расположение милион пати....но после многу години радоста за прв пат пристигна во 2018 со онај антологиски гол на Весино каде му ја свртивме на Лацио и од тој момент знаев дека бантер ерата е при крај и ќе станиме сериозен тим...иако неколку месеци претходно кога не скрши Јувентус на Меаца со 2-3( Орсато све да ти ебам копиле јувенташко ) презарочаран бев и понижено се чуствував исто како целиот клуб...но ете не 3 години подоцна конечно скудето....уште во Август кога копилињата Севиља не добија на среќа знаев дека ова ќе биди наша сезона...многу сакам да ни паднат догодина во ЛШ па здравје боже да му вратиме со камата на тие педерите.

Од другите вести....ИНТЕР Е ШАМПИОН НА ИТАЛИЈА. :uzi: :uzi: :uzi:
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Мислам дека време е да престанам да јадам гомна за Конте, иако рака на срце ова сезона не толку, само кога не елиминираа од ЛШ...

Човекот имаше право кога рече нема веќе Паца Интер... и токму тоа и се случи, на 4 кола пред крајот ние веќе станавме шампиони. Последните 10 натпревари знаевме дека ќе бидиме шампиони, и во никој момент не се тресевме за истото, така да навистина немаше ПАЦА ИНТЕР.

После Конте најголеми заслуги јас мислам дека има малиот Жанг, токму заради тоа што му го достави на Конте тоа што го бараше(Лукаку).

Лукаку според мене е клучот кон ова скудето, со 20гола+ и 10+ асистенции...

Сметам дека Конте беше премногу тврдоглавен, поготово со ситуацијата на Ериксен, и тоа беше негова најголема утка на сезоната.

Конте да го седнеше на клупа Видал малце порано, сигурен сум дека ќе имавме уште подобри резултати во ЛШ, јас мислам дека касно му текна, но подобро касно него да продолжеше неговата тврдоглавност, и тука ја спаси сезоната, поготово во Сериа А, само кога ќе се сетам каков намерен пенал направи против Фиорентина, тоа ме убива и сега, а да не збориме за ЛШ, сите знаеме што направи...

пс. Има индикации дека кинезиве го решиле на некој начин ситуацијата со финансиите, можеме да очекуваме најмалце 2 засилувања, а можеби повеќе ако има излезни трансфери од Интер.

ПИНТУС е уште еден МВП затоа што имавме најмалце повредени играчи... нормално тука крши просек само стаклениот Сенси, он роден е повреден така да ништо не му помага нему.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
За Конте сум уште на истиот став од почетокот. Нема многу да се израдуваме со него во ЛШ, но барем во Италија ќе го одработи она за кое што е платен. Сега во овој момент се зависи од управата, ако не го ослабнат тимот, нема причина зошто да не освоиме уште едно Скудето. Секако тука може да помогнат и жичките во главата на Конте, кој ќе им се заканува дека ќе замине на лето ако не му удоволат.

Да почекаме до преодниот рок за коментари, па да видиме како стојат работите. Се уште не сме финансиски стабилна екипа а згора на тоа, пандемијава нема крај. Ако имаме екипа на истово ниво како сега, моите очекувања се уште едно скудето и да се помине групата во ЛШ и да се елиминира било кој противник со кој би биле фаворити на хартија. Во секој случај, во наредниве 2 години приоритет ми е Скудетото, да се победува дома па надвор што биде.

Околу продажба, Сенси би го продал прв, бескорисен е, комшиите се загреани за него. Се разбира, Весино, Гаљардини, се тоа мора да пакува куфери.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.096
Поени од реакции
6.475
Најверојатно Санчез,Видал,Весино и Јанг ќе бидат првите кои ќе си заминат. Мислам дека и дел од младинците ќе бидат продадени и соберени пари за купување на Емерсон од Челзи а доколку замине Гаљардини на негово место да биде донесен овој Де Паул од Удинезе. Мислам дека Конте ќе сака да се ослободи од Перишич доколку некој сака да го купи и дека примарна цел за нападо е суште Џеко а овие младите Пинамонти и Еспосите ќе бидат продадени за некоја ситна сума од 10М за да соберат пари за уште некој играч.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ќе ги средат финансиите. Ќе се земе кредит од 250 милиони евра и ќе се уплатат во Гран Хоризон фирма во Луксембург преку која Сунинг го води Интер. 200 милиони ќе влезат на сметка на Интер како профит а со останатите 50 милиони ќе се откупат акциите што ги држи Лион Рок, со што Сунинг ќе стане 100% сопственик на Интер. После, со тие акции можно е да се преговара за некој малцински партнер.

Секако за некој месец ќе треба да се објави и новиот генерален спонзор на дресовите што ќе донесе околу 30 милиони евра. Најверојатно тоа ќе биде Самсунг.

Друго, ќе се земе пари од Скудето, од настапот у ЛШ, тв права и све тоа што следува на крај на секоја сезона.

Има за продавање играчи кои се на позајмици, Наинголан, Жоао Марио и Лазаро како играчи кои сигурно би донеле околу 20+ милиони евра.
Ќе се ослободат од Коларов и неговата плата, ќе си иде најверојатно Видал, ако ништо друго барем платите на овие двајца ќе се тргнат од список. Весино ќе биде шитнат, можно е и Гаљардини, ништо чудно и Перишиќ да си бара клуб. Јанг нема да продужи. Со Пинамонти може пак да се напраи некоја дубара. Со ДиМарко исто.

Конте сигурно ќе повлекува за некој јак играч, е сеа, ако нешто ми дава утеха да не квичи и уценува е крајот на август и почетокот на септември минатата година кога фино лепо му кажале дека нема да се трошат пари и дека ќе се работи со тоа што го има. Заќуте и освои.
Не дека сеа нема да бара гаранции ама реално, освен лев бек првотимец за кој треба да се издвои кеш, другите позиции се лесно остварливи.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.042
Поени од реакции
45.710
Мурињо во Рома, ок, најави пред некој ден дека ќе се сели у Италија иако повеќето мислеа на Јуве, вака Рома, нека е, никад немаше да му простам ако завршеше кај Јуве ама и он колку и да глуми професионалец, и самиот е свесен што ќе значеше за нас неговото одење во Јувентус а и Милан, ипак е наша Легенда.

Вака се трпи Господине Мурињо, дабогда секоја година завршуеш втор и да глеаш само у интерашкиот грб.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Сеа ќе замара, ќе му се јави на Џеко да го лаже и убедува да остане, централен дел од проектот вака така. Само да ни упропасти трансфер. :D

Ако бе, со среќа нека му е, реално Рома не ни е конкурент и не ме загрижува многу многу ова. Да отидеше у Јуве или Милан ќе беше друго.
Само нека не замара и нека си ја држи затворена устата кога се работи за Интер и ќе немаме проблеми.

Титула на инстаграм што не честиташе, не честиташе, кој го ебе.. битно ставаше слики од Демјан Даф и Пауло Фереира, крвта да му ја ебам.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.303
Ја имам спротивно мислење и очекувам Мур да изеде бубрези нешто, незнам зошто ама ме влече натака.
Нека почне новата сезона ќе видиме како ќе се одвиваат настаните.

Би се согласил со Џонтра, дека Џеко нема да ја напушти Рома.

Нека обезбедат финансии нашите, нека го дозајакнат составот, лев бек и замена на Лукаку е приоритет.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
9.779
Ја имам спротивно мислење и очекувам Мур да изеде бубрези нешто, незнам зошто ама ме влече натака.
Нека почне новата сезона ќе видиме како ќе се одвиваат настаните.

Би се согласил со Џонтра, дека Џеко нема да ја напушти Рома.

Нека обезбедат финансии нашите, нека го дозајакнат составот, лев бек и замена на Лукаку е приоритет.
Голман.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.096
Поени од реакции
6.475
Мурињо уште првио ден ќе јаде гомна можеби не директно за Интер ама за Конте секако зошто двајцата се мразат уште во времето кога беше Конте во Челзи.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Мурињо свесно одбра да пропадне, почна да тренира дно од клубови како Тотенхем и Рома, господ да се симне не може да им освои трофеј. Не знам каде наоѓа мотивација да работи, 100 милиони има напакувано само од откази, земал Рома ќе ја тренира. За него најдобра опција е да си земе Португалска репрезентација или некоја друга, и да кулира малце.

Добро, барем италијанското ќе е позабавно со него а Рома не е никаков конкурент за ништо, така да во ред е од наша страна, иначе многу глуп потег.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom