Погодија со Дармијан дефинитивно. Алал им вера за процената.
Ама, да го пофалиме и Конте. Човекот поштено си ја заработува платата. Го добиваме тоа за што е донесен и тоа за што е платен. Ништо повеќе и не треба да бараме од него. Иако, од следната сезона (ако остане) ќе мора и подобри резултати во ЛШ.
Точно е дека сезонава ги има сите услови за резултат, ама човекот delivers за сега. Срушиле некој рекорд на Милан на Ариго Саки, за 11 од 11 во втор дел од сезоната. Импресивно.
На крај на сезона ќе можеме пообјективно да ја оцениме неговата работа. И иако со ваков нестабилен Јувентус би требало да се очекува титула без проблеми, треба да се честита што е на пат да ја освои на убедлив начин. Мило ми е и што се вразуми со Ериксен. Откако е закован во прва постава почна оваа серија од 11 победи по ред. Не дека игра како Де Брујне, ама дава димензија на играта, што генерално им фалеше.
Слично е и со Хакими, неверојатно е каков ефект има врз потентноста (да вистина е, барав причина да го употребам зборов во реченица) на офанзивата. Ако најдат сличен профил и на левата страна, ќе биде многу тешко да се игра против Интер.
Кога ќе ми текне дека сите сакавме да го смениме во декември.
Само
@Syn си остана верен тогаш и додржа до подобри денови.
Сега само нека ја довршат работата со стил. Идеме на победа и во Неапол, зошто да не. Да се осигура титулата во следните 4 кола и да идеме во Торино во 37 коло да ги исфрлиме педерите од лш места.
