Во средина двајца фудбалери мора да се донесат, и тоа не било кои, него играчи кои ќе бидат и те како кадарни да играат во тим ко Интер, односно тим кој атакува на сите трофеи.
На ова Бранка и компанија мора да работат летово, и едно име у напад, сеедно дал Тевез, Санчез ( моја желба ) или некој трет, сеедно, умре веќе оној фудбал кој го преферира моменталнава спора, лимитирана и некреативна средина на Интер.
За ова верувам сите сме согласни.
Е сеа за истово тек од лето, до тогаш мора да се тера со моменталниов кадар. Глеам Докторон пишал за 4231 систем, не бе, со Лео си тераа на класична 433 формација, или 4321 сеедно, со тоа што напред позади напаѓачот не беа Дејо и Снајди ко со Баерн туку Пандев и Ето, а Снајдер контролираше средина и не изигра класично позади нападот, него на позицијата на Карја.
Вака 10 пати подобро изгледа Интер, повеќе простор се создава и за Ето и за Пандев што по автоматизам значи и поголема шанса и Пацини да се запише во листа на стрелци, а и со играњето на Снајдер поповлечено, полесно се изнесува топка до напаѓачите, без оние долги пасови кои 90% од случајите не стигаат до играчот, а и кога ќе стигнат, такоџе, поседот на топка пак е изгубен. Слободно може да се тера оваа формација и со истата и очекувам да излезат во Минхен, со Ето и Пандев позади Милито, а Снајдер да игра поповлечено.
И се разбира, честито триумф, убер важна победа извојуваа.