Се извини Гача на трибина, вика толку можеме, даваме се од себе. Тоа е...
Ништо не правиме со само еден напаѓач, изгубени се во свемирот. Цветановски под итно на клупа, секое добивање на топката, типот се враќа накај наш гол или ја губи топката. Овој Попзлатанов поборбено игра, иако и двајцата се тешки дрва. Јас уште верувам дека Ибиши може највеќе да придонесе напред и покрај скромниот придонес на двата дуела, но само во ситуација ако има уште еден напаѓач покрај него. Немаме креативец, немаме крила, немаме напад. Неискусните напаѓачи може да се покријат со солидни додавачи, но ние немаме нешто такво.
Жуниор е најопасен во офанзива, а игра лев бек. Се' е кажано.
Нема што многу да промени Тетовче, тие се играчите. Деца се, а за жал и немаат некој голем потенцијал. Наша шанса е игра по контри, но не можеме да дојдеме до тоа, затоа што противниците ни играат на нерешено и не напаѓаат. ВО одбрана сме добри, без разлика на пацерскиот гол што го примивме од диносаурусот Боби Божиновски. Ама, уште една недела да играме, нема да дадеме гол од игра.
Најсмешна беше ситуацијата кога Аврамовски доби топка пред гол и место да ја закачи убаво, фатил додава до Колевски кој беше во очиглњден офсајд. Овој уште пред да биде свирнат офсајдот, го промаши цел фудбал, во другата нога му удри топката
Мислам дека тактиката што ја игравме на крај ни е единствен спас. Новак се изнервира, фати крило играше последни минути, пробиви им правеше.
Фали квалитет, ама лигата е цела израмнета. Може и втори да биде и последни.
Да не се поквалитетни случајно другиве екипи? Во никој случај.