Фан Клуб: Вардар

Член од
9 април 2006
Мислења
3.061
Поени од реакции
1.173
Ондак не знам, на нивната веб страна пишува дека моментално Вардар-Македонија ЃП пренесуваат во Македонија, а на српската и хрватската Арена пренесуваат други натпревари (од Франција).
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.593
Се утепавме од промашување, тотална доминација во прво, а примивме премногу ефтин гол од едиствената нивна шанса.. Ќе се мачиме цела сезона со овој напад, а многу слаба утакмица изигра Аврамовски, од него многу зависи нападот, а беше меѓу послабите. Во второ при крај очекувано паднаа, топло време и нервози и бркање резултат, тоа е
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.005
Поени од реакции
613
Аврамовски изгледа голема мрза е инаку штета што стартувавме со пораз ама со овој микс тим горе долу така ќе биде..Сега да ги имавме Барсегјан,Хоф,Којашевиќ ...др песна ќе се пееше.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.005
Поени од реакции
613
Дарко Глишиќ разбива во Бугарија во тимот на колото како за друг играч да се работи не за тој што играше во Вардар.
 
Член од
9 април 2006
Мислења
3.061
Поени од реакции
1.173
Дарко Глишиќ разбива во Бугарија во тимот на колото како за друг играч да се работи не за тој што играше во Вардар.
Кај го прочита ова? Малце чудно што во тимот на колото избрале дефанзивец кој прими 5 гола викендов. :D
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.005
Поени од реакции
613
Кај го прочита ова? Малце чудно што во тимот на колото избрале дефанзивец кој прими 5 гола викендов. :D
Предходно коло беше сега го гледав со Локомотив изигра многу добро головите беа по десна страна не по негова..
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.005
Поени од реакции
613
Лошо што примивме два гола на скоро ист начин со глава длабоко во шеснаесет тешко дека Новак сам ќе се справи во одбрана оваа сезона Серафимов може има потенцијал ама искуство ич па ако не иде вака Васоски ќе мора да го менува со Тошевски/Најдовски..
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
2.507
Поени од реакции
2.779
Гледам никој не искоментирал за утакмицата вчера во Велес...
Покрај катастрофално очајната реализација на шансите за гол, во очи паѓа и лошата физичка подготвеност (имаат сили за едвај едно полувреме), како и морам да констатирам огромната недисцплина што владее кај играчите. Брда на излагање од игра се понаша ко шериф, фрла шишиња, шутира ограда и не се поздравува со никого, како да е тој Господ и не смее да биде заменет?! Тетовка очигледно полека ги губи конците и штом стигна еден Брда да изведува циркуси, не е на арно на работата. Али и па не ме зачудува овој башибозук кога знаеме на што се сведе Вардар во моментов!
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.005
Поени од реакции
613
Тоа што мене ме нервира е постојаната формација веќе сите знаат со кој тим почнуваме.Вистина дека сме отепани со ростер ама мора да се прават некои промени не може и против Борец на гости и со Ѓорче дома се едни исти формации.
Автоматски споено мислење:

Тоа што мене ме нервира е постојаната формација веќе сите знаат со кој тим почнуваме.Вистина дека сме отепани со ростер ама мора да се прават некои промени не може и против Борец на гости и со Ѓорче дома се едни исти формации.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.402
Поени од реакции
8.917
Најлошо е што нема никаков напредок кај младиве дечки... Веќе година и нешто стандардно играат и добиваат шанса а никаков придонес немаат. Пред се мислам на офанзивците Цветановски, Поп Златанов, Колевски. Колевски она што го промаши, ја на негово место од срам би се вратил бек да играм...
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.593
Позитивен впечаток ми оставаат и Димовски и Адем во средниот ред, вчера и Серафимов беше добар, ама нападот е проблем.. Сепак, би кажал да сме трпеливи, и со играчите и со Васовски, сите знаеме во каква ситуација сме. Едино би се дрзнал да го искритикувам Аврамовски, две слаби партии, прелабаво се шета по теренот и скоро ништо конкретно од него не видовме во офанзива, а најмногу се очекува од него
 

Colt Willcox

Љамче-Бутин Фанс
Член од
27 ноември 2007
Мислења
26.215
Поени од реакции
43.147
Се извини Гача на трибина, вика толку можеме, даваме се од себе. Тоа е...

Ништо не правиме со само еден напаѓач, изгубени се во свемирот. Цветановски под итно на клупа, секое добивање на топката, типот се враќа накај наш гол или ја губи топката. Овој Попзлатанов поборбено игра, иако и двајцата се тешки дрва. Јас уште верувам дека Ибиши може највеќе да придонесе напред и покрај скромниот придонес на двата дуела, но само во ситуација ако има уште еден напаѓач покрај него. Немаме креативец, немаме крила, немаме напад. Неискусните напаѓачи може да се покријат со солидни додавачи, но ние немаме нешто такво.
Жуниор е најопасен во офанзива, а игра лев бек. Се' е кажано.
Нема што многу да промени Тетовче, тие се играчите. Деца се, а за жал и немаат некој голем потенцијал. Наша шанса е игра по контри, но не можеме да дојдеме до тоа, затоа што противниците ни играат на нерешено и не напаѓаат. ВО одбрана сме добри, без разлика на пацерскиот гол што го примивме од диносаурусот Боби Божиновски. Ама, уште една недела да играме, нема да дадеме гол од игра.
Најсмешна беше ситуацијата кога Аврамовски доби топка пред гол и место да ја закачи убаво, фатил додава до Колевски кој беше во очиглњден офсајд. Овој уште пред да биде свирнат офсајдот, го промаши цел фудбал, во другата нога му удри топката :pos: :pos: :pos:
Мислам дека тактиката што ја игравме на крај ни е единствен спас. Новак се изнервира, фати крило играше последни минути, пробиви им правеше.
Фали квалитет, ама лигата е цела израмнета. Може и втори да биде и последни.
Да не се поквалитетни случајно другиве екипи? Во никој случај.
 
На врв Bottom