Фан Клуб: Барселона

Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
^^ уште пред да го продадат напишав дека криво ќе ми биде што ќе си замине поради форсирањето на Бојан.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Дали гледате каков криминал се случува во Ла Лига


На Мајорка им поништија чист гол за 2 - 0 !

Како што пишав пред една недела наредена е титулата за оваа сезона !
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
ова е повеќе од очигледно. нас не оштетуват судиите, а на реал им поклонуваат бодови.
ова е срамота, и после имат уста да речат судиите за нас биле :tapp::tapp:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Адидас му направи нови копачки на Меси. Првпат ќе го носи утре против Бетис, се надевам ќе ги сефтоса со гол :) На нив е гравирано "FIFA Ballon d'Or Player of the Year" и годините на освојување на наградата и натписот "gracias a todos"

 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Адидас му направи нови копачки на Меси. Првпат ќе го носи утре против Бетис, се надевам ќе ги сефтоса со гол :) На нив е гравирано "FIFA Ballon d'Or Player of the Year" и годините на освојување на наградата и натписот "gracias a todos"

Адидас ќе мора да го смени логото,ако сака за секоја година да има по една линија;)....
Иначе да,се направија многу штетни одлуки сезонава против нас а направени неколку во полза на РМ,но едно нешто не ми се допаѓа,ние губиме бодови( примаме гол ) на последната минута а тие добиваат бодови во последната минута...
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Дали гледате каков криминал се случува во Ла Лига


На Мајорка им поништија чист гол за 2 - 0 !

Како што пишав пред една недела наредена е титулата за оваа сезона !

:pos::pos:
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 02:24 ---
PAYBACK IS A BITCH !
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Адидас ќе мора да го смени логото,ако сака за секоја година да има по една линија;)....
Иначе да,се направија многу штетни одлуки сезонава против нас а направени неколку во полза на РМ,но едно нешто не ми се допаѓа,ние губиме бодови( примаме гол ) на последната минута а тие добиваат бодови во последната минута...
Јебига, спортската среќа сезонава ја немаме. Се надевам дека ќе се сврти работата и во тој дел.

Со Севиља пенал промешен у 90-та за победа.
Со Валенсија чиста шанса промашена на Виља у 87-ма за победа.
Со Гетафе статива на Меси у 90-та за нерешено.

Ете, од овие три натпревари 5 бода помалце.

Што се однесува до Ел Класико у среда, се надевам на добра игра од Барса и на поволен резултат за нас, а под поволен сметам и на минимален пораз од 1 гол разлика со оглед на тоа што има поправен.
Деновиве нема да можам да читкам и да коментирам, за неколку часа тргам за Ниш, па се читаме здравје у петок.

п.с. Се би дал за ВИН ВИН ситуација, Македонија пласирана у нареден круг, Реал на колена...

п.п.с. Остајте ги мадриѓаниве нека си леткаат. :)

Поздрав
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Само да знаете што не очекува...ПЕКОЛ!

  • Sun 15 Betis (Liga home)
  • Wed 18 Real Madrid (Copa away)
  • Sun 22 Malaga (Liga away)
  • Wed 25 Real Madrid (Copa home)
  • Sat 28 Villarreal (Liga away)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.611
Гледам кај голем дел од вас големо дигање во пресрет дуелот во средата на Бернабе? Немојте, нема причина за такво нешто. Сакам ние да зборуваме на теренот, а не по форуми на неколку дена пред натпреварот. Имаме многу повредени играчи, а они 91% ќе излезат со 11те најдобри. Како и да е, можеме и да триумфираме, пресудни се тактичката поставеност на Пеп и мотивацијата кај момците. Во ланското финале на Местаља, тактичката поставеност на Пеп беше добра, ама мотивацијата на мадриѓаните беше мноогу поголема од онаа на нашите играчи. Затоа и не успеавме да ги добиеме. Сега сакам да им докажеме, дека оваа Барса не е послаба од претходните сезони и дека има сила повторно да триумфира на Бернабе(иако тоа не треба да се докажува, пред 1 месец докажавме). Купот е единствено натпреварување каде што немаме победа над Реал откако Пеп е тренер(само еднаш имаме и играно де).
Можеме да победиме, ама не кревајте се од сега. Молчете си, чекајте го натпреварот, оти победата така е и најслатка. :)
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 03:53 ---
Само да знаете што не очекува...ПЕКОЛ!

  • Sun 15 Betis (Liga home)
  • Wed 18 Real Madrid (Copa away)
  • Sun 22 Malaga (Liga away)
  • Wed 25 Real Madrid (Copa home)
  • Sat 28 Villarreal (Liga away)
Оу мај Гад.... Ајде, на маката се познаваат јунаците. Сега најмногу ни треба мотивација, разум.... и СРЕЌА(која досега воопшто ја немаме).
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
:pos::pos:
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 02:24 ---
PAYBACK IS A BITCH !
Каква иронија тие што најмногу се буните за тоа како судиите суделе за Барселона и викате дека Реал Мадрид нема судиска помош сега се гордеете со помошта на судиите !

Затоа иронично и ти стиснав ЛАЈК (y)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
samite igraci se krivi sto real e na 8 (5) boda prednost :)
da se igrase poseriozno so timovite sto ni zemaa ne predvideni bodevi sigurno ke bevme izramneti,a vaka e potesko
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
samite igraci se krivi sto real e na 8 (5) boda prednost :)
da se igrase poseriozno so timovite sto ni zemaa ne predvideni bodevi sigurno ke bevme izramneti,a vaka e potesko
На сите натпревари што изгубивме бодови бевме оштетени. Против Гетафе регуларен гол поништен + 2-3 ситуации за гол демек офсајд, против Еспањол чист пенал + истите тие офсајди (аман сите линиски судии во Шпанија ослепуваат кога игра Барса или?), против Валенсија и Сосиедад не ни досудија чисти пенали...Од друга страна на Реал му судеа пенал 2 метра надвор од 16те, против Валенсија играа ракомет пред гол и пак ништо, вчера на Мајорка ептен ја оштетија (5 метра далеку од офсајд им поништија гол, гол со претходен фаул за Реал итн итн)...

Јас разбирам шампионски менталитет без жалење за судии бла бла, ама веќе преку к** ми дојде да гледам како си ја остваруваат целта Барса да не биде шампион (федерацијата и Перез, не играчите на Реал...изгубениве кокошки регуларно против Барса титула нема шанси да земат). Виљарато!
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Луѓе,запомнете една работа.Оваа Барса на Пеп многу пати докажала зошто е најдобра.
Ако нешто не сте научиле минативе сезони,запомнете,КОГА Е НАЈТЕШКО ТОГАШ БАРСЕЛОНА Е НАЈСИЛНА.Нека не ве залажуваат -8 бодови(вечерва очекувам да бидат -5).Еден кикс т.е нерешено или загуба на Реал и тука сме.Мене искрено се ми личи дека годинава се ќе се решава на Камп Ноу(и купот и првенството во Шпанија).
Оставете судии и остала багра,за досегашниве резултати сами сме си криви(со Сосиедат нерешено кога имавме се во наши раце,со Валенсија Виља го имаше клучниот момент и промаши,во Билбао примаме 90 минута гол т.е опуштање кога најмалку треба,во Гетафе бевме мизерија,со Еспањол сите беа под нивото).Значи кога ќе направиме комплетна анализа без судиските грешки(кој иако ги имаше глупаво е да се вадиме со нив) ќе заклучиме дека за оваа бодовна разлика сме си сами криви и никој друг.
Да бидам искрен,гледајќи го Реал последниве мечеви како се вади(со Малага,Мајорка),гледам дека тешко им оди со типичен бункер(т.е ептем слабо играат во нападот а и одбраната им е млитава во задно време-примаат доста евтини голови),па така очекувам во скоро време да киксаат и тие.Го имаат и тој фактор среќа кој сигурно ќе изостане некогаш,така да ...

Ла Лига е далеку од завршена,има уште многу да се игра...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom