Фан Клуб: Барселона

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.611
Стварно не треба да ги жалат парите сега. Да, и мене ме прави горд фактот што основата на тимот е од школата, што нашите најдобри играчи се производство на Ла Масија. Ама, дојдено е вакво време, тимот ни е во *кадровска криза*, имаме повредени играчи на подолг рок(Виља, Афелај, Фонтас), Педро е повреден некое време, Кеита е во Африка најмалку еден месец... Епа, играме на три фронта, а не можеме со исти 17-18 играчи постојано да играме. Едно што ќе цркнат, друго што можни се суспензии, а трето и со повредите знаете како сме малерозни оваа сезона.
Најмалку 2ца играчи треба да се донесат, ама го знаеме сите Пеп каков е, ќе проба дупката во составот да ја закрпи со играчи од Б-тимот. А, до крај на сезоната, ништо чудно и нашиот Бабунски да дебитира во прв тим.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Се слагам дека лошо стоиме моментално со играчкиот ростер.

Виља аут до крај.
Афелај не се знае точно кога се враќа али нема сигурно до крајот на Март.
Максвел продаден.
Кеита на Африкански куп.

Напаѓачи: Меси, Педро, Алексис. Премалку, плус без класичен шпиц.
Одбрана: Дани, Пујол, Пиќе, Маскерано, Абидал, Адријано. Тука и не е до толку лоша работава, иако добро би ни дошол уште еден играч во одбраната.
Средината е доволно покриена, пу пу само и таму да не се деси некоја повреда, скраја да е.

Според мене најлоша е ситуацијата со нападот. Тројца се премалку за долга сезона со многу утакмици.

Куенка не го пишав од причина што не верувам Пеп да му даде шанса во некои битни натпревари, сеуште е млад без доволно искуство за да може да направи разлика во големите мечеви кои ќе следат, посебно у ЛШ.

Иниеста и Цеск може да се искористат у нападот, али не е тоа тоа, т.е за Цеск не до толку, добар е како лажна 9-ка, добро се снаоѓа таму, али Инеста прави огромна разлика кога е на негова позиција у средина одколку на лево крило.

Ја би и те како за еден напаѓач, ама напаѓач од една страна што нема да му смета што нема да има загарантирано место во први 11, а од друга страна што ќе знае да преземе одговорност кога ќе треба, што ќе знае да реши утакмица, играч налик на Ларсон.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
За напад само Форлан е решение.Ем не ќе бара да игра секоја утакмица ем можеме да го донесиме на позајмица . И одбрана мора некој да се донесе.Веќе -5/6 фудбалери сме,не е на арно тоа....
Значи ги нема : Виља,Афелај,Фонтас,Кеита,Mаксвел и Педро ( за една недела)...уф тешко...
Иначе досадна утакмица,со влегувањето на Меси се размрднаа нештата малце.Супер асистенција направи а Адриано беше многу добар ...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Абе Бејл нема да се снајде во Шпанија за островскиот фудбал е измислен он. Жорди Алба од друга страна е многу подобра инвестиција барем според мене.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Абе Бејл нема да се снајде во Шпанија за островскиот фудбал е измислен он. Жорди Алба од друга страна е многу подобра инвестиција барем според мене.
А за напад шо прајме ? :D
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
We are doomed :)
За тоа дека треба да се донесе назад некој баам јас година и пол, ама нема кој да ме прочита бе брат :)
Добредојден е Алба, ако не се лажам и Пеп го сака, плус каталонче е, плу 6 години бил у Ла Масиа, епа време е да се врати. :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.611
Абе Бејл нема да се снајде во Шпанија за островскиот фудбал е измислен он. Жорди Алба од друга страна е многу подобра инвестиција барем според мене.
Не се слагам за Бејл. И јас порано така мислев, ама не ми се логични веќе тие приказни. Бејл е играч кој има страшна брзина и техника, осет за пас, дриблинг... И те како може да биде од корист. Ама, пусти желби само, ни 0,7% не верувам дека воопшто би го побарале Бејл нашиве..
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Форлан на позајмица до крајов на сезонава и тоа е тоа.
In Bartra we believe :D
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Англичаните/Велшаните исти курац, у глобала слабо се покажале у Шпанија, ама пак кога ќе ја видам брзината и физичката сила и спремност на Бејл во некои од натпреварите на Тотенхем, кога ќе ми текне како лесно ќе ги стига пасовите у празно од Меси, Чави, Иниеста, пасови кој се половина гол или добра шанса... е тогаш сакам уште одма да го видам у Барса.
 
P

pepito*

Гостин
Дечки, вие како да ги немате гледано Бартра и Муниеса, според мене подобри се и двајцата од Фонтас. А и кој фактор беше Фонтас, цела сезона немаше играно, сега се повреди и му барате замена. Имаме 4 халфови - Пике,Пујол,Абидал,Маскерано, овој првиот игра ненормално добро од класикото наваму, Пујол е исто здрав, а за Маскерано воопшто да не правам муабет колку е добар. Не ни треба ниеден играч.

После.. зошто да не добива Куенка шанса и на важни утакмици??? Се покажа одлично на секоја утакмица каде што доби шанса, особено против Бате Борисов. Подобар е од Педро и тоа многу, во секој сегмент од играта. Фабрегас исто одлично се покажа во нападот сезонава, скоро секој натпревар постигнува голови, вчера не влезе, да влезеше гарант ќе имаше некаков придонес. Санчез исто така ги оправда парите што ги дадовме. Незнам каква е таа потреба да кажувате дека Реал ќе освоеле се годинава, си имаат и тие свои проблеми, Роналдо моментално покажува дека уште е дете и тоа ептен себично и глупо.

Eдинствено се сложувам дека добро би ни дошол Жорди Алба, каталонец, одлично ќе се вклопи, ми личи на Дани Алвес, само што игра на спротивната страна, тој ќе биде најдобар лев бек на светот, mark my words, ама и тој подобро е в лето да дојде. За летниот трансфер период мислам дека и Нејмар ќе дојде, па после сакале вие или не, нема да имаме голем трансфер некое време (секако ако продолжи истата политика на клубот, во што не се сомневам), затоа што во кантерата имаме играчи со огромен потенцијал - Бартра, Монтоја, Муниеса, Дос Сантос, Риверола, Тељо, С. Роберто, Монтоја, Деулофеу, Рафиња, Серхи Гомез, Серхио Ајала (пред некој ден ЕМД објави статија, во која го споредуваат со Малдини и Пике), Хавиер Еспиноза, Ебвеле, Донгу, Бабунски :cool:, Карлес Планас, Сампер... 80 % од овие ќе играат во првиот тим ви гарантирам. Супер тим имаме и да знаете дека скоро секој од овие млади играчи што ги спомнав, да не беа во Барселона веќе ќе беа дел од првите тимови во Премиер Лига, Серија А или можеби некој клуб од Примера .
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Биелса следната година го менува Гвардиола во Барса


Оваа вест на насловните страници ја донесоа сите шпански медиуми, а ја откри „Ас“, кој пишува дека Биелса ќе ја преземе Барса во сезоната 2013/2014
.

Марсело Биелса, харизматичниот аргентински стручњак, кој моментно го води Атлетик Билбао, е прв фаворит на претседателот на Барселона Сандро Росел, за наследник на најтрофејниот тренер во клупската историја Пеп Гвардиола. Оваа вест на насловните страници ја донесоа сите шпански медиуми, а ја откри „Ас“, кој пишува дека Биелса ќе ја преземе Барса во сезоната 2013/2014.

Гвардиола, пак, кој со триумфот над Порто во Суперкупот стана тренер со рекордни 12 титули во три години (!) го споменуваат како наследник на Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.

Гвардиола освен за студиозен тренер, важи и за внимателен човек. Тој ги обновуваше договорите на само една година. Формално Гвардиола има право да разговара со други клубови, но останува уште година и пол, време потребно да му се најде достојна замена.

Аргументите на Биелса се дека негува напаѓачки аргентински стил на игра, единствениот кој може да помине во Барса. А, токму Гвардиола, кога го преземаше клубот во 2008 година, го спомена Биелса како еден од оние што најмногу ги цени, заедно со Кројф и Ван Гал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom