Луѓе,запомнете една работа.Оваа Барса на Пеп многу пати докажала зошто е најдобра.
Ако нешто не сте научиле минативе сезони,запомнете,КОГА Е НАЈТЕШКО ТОГАШ БАРСЕЛОНА Е НАЈСИЛНА.Нека не ве залажуваат -8 бодови(вечерва очекувам да бидат -5).Еден кикс т.е нерешено или загуба на Реал и тука сме.Мене искрено се ми личи дека годинава се ќе се решава на Камп Ноу(и купот и првенството во Шпанија).
Оставете судии и остала багра,за досегашниве резултати сами сме си криви(со Сосиедат нерешено кога имавме се во наши раце,со Валенсија Виља го имаше клучниот момент и промаши,во Билбао примаме 90 минута гол т.е опуштање кога најмалку треба,во Гетафе бевме мизерија,со Еспањол сите беа под нивото).Значи кога ќе направиме комплетна анализа без судиските грешки(кој иако ги имаше глупаво е да се вадиме со нив) ќе заклучиме дека за оваа бодовна разлика сме си сами криви и никој друг.
Да бидам искрен,гледајќи го Реал последниве мечеви како се вади(со Малага,Мајорка),гледам дека тешко им оди со типичен бункер(т.е ептем слабо играат во нападот а и одбраната им е млитава во задно време-примаат доста евтини голови),па така очекувам во скоро време да киксаат и тие.Го имаат и тој фактор среќа кој сигурно ќе изостане некогаш,така да ...
Ла Лига е далеку од завршена,има уште многу да се игра...