Фан Клуб: Барселона

M

Mayavin

Гостин
Колку што е крив тренерот толку е и Messi крив. Со управата е скаран бидејќи Neymar не го купија наместо Griezmann, исто така замарен е дека Setien го донеле наместо Xavi. Ако капитенот не го почитува тренерот, другиве играчи можеме да замислиме само како би се однесувале.
Се тоа ми е јасно мене, ипак сме на форумов години уназад и пратиме најситен детал за клубов. Ама ваква калакурница и циркус при почеток на залез на кариера не ми е јасно како дозволува.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Значи мечот заврши пред скоро саат а јас уште пцујам во себе се по список... Тибам денот кога го донесоа краварот за тренер... А и сам се пцујам пошто уште лани пишував дека би бил добар избор... Чист просек кој нема капацитет да води голем тим. Дојде ден да викаме дека Валверде бил подобар од некој.

Преголем срам е клуб од ваков калибар каде игра најдобриот играч на светот да нема асален тренер цели три години! Веќе ме потсетува ова на времето кога се менеа тренери како Рексач и Сера Ферер, за кои ѕвездите од тоа време како Ривалдо сведочат дека немале никаков авторитет и никој не ги фермал. Да не е Меси и уште два-тројца клубот ќе се бори да биде во топ 4, исто како тоа време.

А и Меси... Колку и да му ги величаме фудбалските квалитети, веќе се повеќе може да се критикува ради „лидерските“ квалитети. Ако го споредам со Пујол, Чави и Иниеста, тој е убедливо најслаб капитен. Знаеме што се има направено за клубот ама не може да се става над управа и тренер (какви и да се тие). Ова што го прават и тој и Суарез и другите во тек на борба за титула е дури срамно. Се гледа дека нема никакво залагање, никаков жар веќе кај нив. Го поддржуваа Валверде пошто си имаа комоција со него да се понашаат како сакаат. Остана хасанот ради нив и нормално е сезонава да ни се дешава потоп. Да се ангажираше асален тренер ланското лето, некој со авторитет кој ќе направеше вистинска чистка во тимот сигурно немаше да дојде до ова...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Кој тренер може да биде поголем авторитет од Меси во Барселона? Па дури и на Пеп му одел контра. Најубаво е он да ви биде играч тренер, и онака се што не му се свиѓа не ебе 2%. Вака бар ќе го формализирате.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.419
Поени од реакции
38.971
Се надевам сеа ќе се сконцентрираат на ЛШ.


:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.154
Сетиен е најмалку виновен за оваа ситуација, ама ај..
Многу е тешка ситуацијава. Сите заедно имаат вина од управа до играчи и тренерот.
Како прво тренерот не требаше да се извини за кога асистентот викаше по играчите, тука ја утна работата. Pique исто така кога се жалеше дека не тренирале порано на дожд и многу тренинзи имале ,требаше да го закова на клупа. Сега можеше да го седне Messi поради непочитување. Така се гради авторитет, нема од небо да падне или преку ноќ да дојде авторитетот.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.695
Поени од реакции
14.458
Меси и Бартомеу се главни виновници за оваа ситуација во последно време.
Кога Меси ќе замине ќе заминат и другите легенди. Со Чави и новата управа може да се гради одличен тим околу Рики, Дембеле, Јонг, Тринкао, Ленглет, Араухо, Семедо, Ансу..
Се надевам дека до следното лето ќе ја гледаме оваа комедија.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
435
Поени од реакции
160
Дежа ву случувања со оваа управа,на почеток ветуваат брда и долини,4-5 години некој си Дрим тим ветуваат,и сами читате/гледате се некои ветувања пратени преку медиумите некој си Дрим тим,па од кога замина Нејмар во Псж секое лето се поврзува (А Нејмар ја Тужи на Барса неколку судски спорој за да извлечат пари)-А контрадикторно секое наредно лето Барса беше се во поголеми долгови,(Градењето на Стадионот Ноу Камп-Ветување според кое Бартомеу ги доби изборите 2015).Ветуваа играчи како Верати,Алкантара,Погба,Лапорт,Тиаго Силва,па и Де Лихт (Има и други сигурно)-А секогаш завршуваа со просеци некој,како Матие,Диње,Андре Гомеш,Сонг,АрдаТуран,Вермален,Даглас,или некој краткорочни решенија како Видал што е сега,Клаудио Браво,Паулињо,и некои други.Немаа да им излеат математиките и лутаа ко муви,во паника го купија Дембеле,идентично на тоа исто и Сетиен беше панично назначен,одкако Абидал и компанија се вратија со празни раце,кога неможеа да го договорат Чави,Куман ги извиси и во паника го договорија Сетиен,а требаше можи да го назначат овај од Барса б,мада прашање е и како и тој би се справил со овие мангупиве на батерии,колку и како ќе наметне авторитет во соблекувалната.За изборите во 2021 мислам дека главен адут на сите кандидати ќе биде Гвардиола (Ако не го продолжи договорот со Сити),по мое Гвардиола е паметен и нема да дојди како тренер и самиот е свесен дека во Барса за некоја сезона ќе треба да се направи голема транзиција,со пензионирањето на Меси,ќе се сложите или не,Меси неможи никој да го замени во клубот години години наназад,освен него и Пиќе Барса нема лидер.Најдобро ќе биде Гвардиола тренер (Баш да ја направи таа транзиција т.е смена на играчи) а Чави помошик негов,за некоја сезона Чави да го наследи.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Најдобро ќе биде Гвардиола тренер (Баш да ја направи таа транзиција т.е смена на играчи) а Чави помошик негов,за некоја сезона Чави да го наследи.
Одлична идеја. Сигурен сум дека Гвардиола кој е научен да води елитни тимови одвај чека да се врати во Барса, да изврши транзиција во која 2-3 години би се врткал околу четвртото место и потоа да му даде на Чави спремен тим.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
435
Поени од реакции
160
Одлична идеја. Сигурен сум дека Гвардиола кој е научен да води елитни тимови одвај чека да се врати во Барса, да изврши транзиција во која 2-3 години би се врткал околу четвртото место и потоа да му даде на Чави спремен тим.


Мислиш дека Чави ќе биде спремен да ја води Барса,да наметне авторитет во соблекувалната,да води тим полн со звезди,и да ја направи таа смена на играчи?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Мислиш дека Чави ќе биде спремен да ја води Барса,да наметне авторитет во соблекувалната,да води тим полн со звезди,и да ја направи таа смена на играчи?
Не мислам, ама мислам дека нема шанса Гвардиола да дојде за да биде транзициски тренер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom