Дежа ву случувања со оваа управа,на почеток ветуваат брда и долини,4-5 години некој си Дрим тим ветуваат,и сами читате/гледате се некои ветувања пратени преку медиумите некој си Дрим тим,па од кога замина Нејмар во Псж секое лето се поврзува (А Нејмар ја Тужи на Барса неколку судски спорој за да извлечат пари)-А контрадикторно секое наредно лето Барса беше се во поголеми долгови,(Градењето на Стадионот Ноу Камп-Ветување според кое Бартомеу ги доби изборите 2015).Ветуваа играчи како Верати,Алкантара,Погба,Лапорт,Тиаго Силва,па и Де Лихт (Има и други сигурно)-А секогаш завршуваа со просеци некој,како Матие,Диње,Андре Гомеш,Сонг,АрдаТуран,Вермален,Даглас,или некој краткорочни решенија како Видал што е сега,Клаудио Браво,Паулињо,и некои други.Немаа да им излеат математиките и лутаа ко муви,во паника го купија Дембеле,идентично на тоа исто и Сетиен беше панично назначен,одкако Абидал и компанија се вратија со празни раце,кога неможеа да го договорат Чави,Куман ги извиси и во паника го договорија Сетиен,а требаше можи да го назначат овај од Барса б,мада прашање е и како и тој би се справил со овие мангупиве на батерии,колку и како ќе наметне авторитет во соблекувалната.За изборите во 2021 мислам дека главен адут на сите кандидати ќе биде Гвардиола (Ако не го продолжи договорот со Сити),по мое Гвардиола е паметен и нема да дојди како тренер и самиот е свесен дека во Барса за некоја сезона ќе треба да се направи голема транзиција,со пензионирањето на Меси,ќе се сложите или не,Меси неможи никој да го замени во клубот години години наназад,освен него и Пиќе Барса нема лидер.Најдобро ќе биде Гвардиола тренер (Баш да ја направи таа транзиција т.е смена на играчи) а Чави помошик негов,за некоја сезона Чави да го наследи.