Коа веќе почнавме со 3-4-3 требаше да почне Пиќе пред Адриано. Тоа му е прва грешка на Гвардиола. При трансформација Бускетс идеше стопер, а Адриано крило и со тоа тројката Бускетс-Чави-Иниеста се растура. Исто така Пиќе е многу добар при воздушни дуели и сигурно ќе беше подруго при корната коа го примивме првиот гол и при сите други воздушни дуели. Втора грешка е неискуството на Тељо, до некаде и на Тиаго, на нивно место требаше да почнат Фабрегас и Санчез. Сите беа скончентрирани на Меси и Чави и Иниеста и затоа лесно не затворија, а Тељо и Тиаго неможат сами, едноставно толку можат. Да беа Фабре и Санчез ќе повлекуваа играчи и ќе имаше повеќе простор за Меси. Сепак заслужено си победија, честито нека им е победата и титулата. Некако како да не беа мотивирани нашите, изгледа се презаситени, за другата година мора промени во тимот. Се надевам во вторник ќе поминеме и нормално ќе освоиме титула во ЛШ и тоа ќе биде, слободно може да кажам, повеќе од солидна сезона со два трофеи. Сакам вакво нешто во вторник:
------------------- Валдес -------------------
-------Маске-----Пиќе-----Пујол-----------
------------------Бускетс---------------------
Алвеш-----------Чави-----------Иниеста
---------Фабрегас----------Санчез--------
------------------ Меси------------------------
Едноставно мора да игра Пиќе ни треба за чување на Дрогба, а и вака сме појаки и у одбрана, а и у напад. Мислам дека ќе гледаме тврд натпревар со посед на топката на наша страна и нормално да поминеме. Со среќа!