Ја изгубивме титулата,но никако не можеме да се откажиме од тимот после порази или изгуебни титули.
За овој пораз,пораз од РМ,пораз после 34 меча на домашен терен,пораз на меч каде можевме да додјеме до -1 сета вина е во Пеп.
Не можам сега да копам по темава и да го најдам моето мислење пред да почне сезаоната кога игравме на подготовките,напишав дека многу многу слабо и незаинтересирано ги игравме тие мечеви и дека ниту еднаш не игравме со стандардните 11.Значи тоа резлутираше со многу повреди во тимот и нестабилност.
Друга работа е што Пеп оваа сезона повеќе пати играше со 3-4-3 формација и едноставно ја исфрли формацијата со која бевме непобедливи 4-3-3.Да,може да играме така но со малите тимови....Кога играме со 3-4-3 формација,се гушиме на средина и никако не може Чави или Иниеста да упатат прецизни пасови како што беше тоа случај последните години.Со оваа формација сме и многу нестабилни и ранливи во одбрана.Од 2-3 шанси или контри сигурно примаме гол...
Пеп се откажа и од Пике,а недоволно веруваше во Педро.....
Со 3-4-3 формација,Меси се повлекува поназад,а кога се повлекува тој поназад,нема кој да постигне гол...Пеп се заеба после повредата на Виља,мораше да донесе напаѓач,ама напаѓач во вистинска смисла на зборот,а тој голгетер гледаше во Фабрегас,Иниеста( го игра крило),Санчез,Куенка,Тељо...
Мора ама мора за следната сезона да донесиме еден лев бек ( Бејл),Одбранбен играч кој ќе игра покрај Пике,и напаѓач-некој кој од 2 шанси еднаш ќе погоди...Значи 3 играчи за тие позиции мора мора мора мора да се донесат иначе пак ќе жалиме како оваа сезона......
Епа дечки толку може еден човек да победува сам,да го носи тимот сам,да го спасува тимот сам.Зборувам за Меси....Буквално до овде дојдовме благодарение на Меси...Годиниава не е тој стариот Чави(кога видовте последно да асистира со тие негови пасови) и Иниеста,гоооолем пад во неговата форма....Меси даваше голови,Меси асистираше.....и еве сега Меси се умори,јебига човек е......
Пред да започне денешново Класико,напишав дека не треба да се игра со 3-4-3 формација,туку тоа треба да го примениме против Челзи.Но Пеп пак излезе со таа формација а и плус со Тејо,кој ни на сон не можеше да го гледа самиот себеси како игра Класико.Мислам дај молим те Пеп,на ваква важна утакмица да играш со Тељо ?Што е следно?Против Челзи во одбрана со Монтоја?
Против Челзи сум многу песимист,не верувам дека ќе поминеме понатаму.Не знам како ќе погодиме 2-3 пати а да не примаме ниту еден.Мислам не е можно....
Но ајде може ќе не демантираат но не верувам.....