Аааааааа тоа ли било работата. Видиш не сум знаел. Еден човек навива за некој клуб бидејки ужива во фудбалот кој што истиот го игра. Аха, ја сум бил у заблуда значи.
Да прашам само, зашто толку многу дерење има на терен, зашто има тепање, скандирање, нервози, препукување и слично? Јас до сега мислев дека сето тоа е поради фактот што секој навивач сака неговиот клуб да победи, а ако победува значи освојува титули. Али ете Вие ме просветливте дека навивачите го правеле тоа бидејки нивниот или противничкиот тим не играле убав фудбал. Абе бркајте си работа.
Вратете се неколку десетици страни нанзад, сум пцуел и сум се нервирал кога сме губеле од трето лигаши и од задњи на табела, но и сум признавал вистински пораз од конкурент за титула. Убавината на играта не е секогаш сатисфакција. Потребно е нешто што ќе влезе во историјата на фудбалот. Никаде нема да пишува: „Арсенал - клуб од Англија кој го играше најубавиот фудбал“ туку ќе пишува (се надевам): „Арсенал - клуб од Англија со најголем број на торфеи“.
Киксови му се случуват и на најдобриот нели. Луѓе сме - грешиме. Но дајте ви се молам ова не се еден или два кикса - ова е константа веќе во клубов. Јас не знам што треба да се случи за да ви се отворат очите? Да не влеземе во Лига на шампињони? Да завршиме десетти на табела у премиер лига?
Ако сакате убавина гледајте уметничко лизгање, фудбалот меѓу другото е компетитивен спорт каде се вреднуваат резултатите, а не убавината на играта. Никаде не сум забележал дека тимовите добиваат поени зато што играле убав фудбал.