Во ред е на не се троши како шити, челзи, реал и компанија.
Ептен мразам тоа, или ко интер, секоја година нова екипа. Ебати екипата, секој ден некој купуваат или продаваат.
Екипата мора да има автентичност, константност, препознатилив лик. Мора да имаш играчи кои играат подолго време што се стожер на екипата.
Аресенал тоа го има и тоа како, секоја чест.
Ама факт е дека во ПЛ ептен многу се вложува последно време, и факт е дека секоја година ни бегаат најдобрите играчи.
Мора да се преземе нешто, мора една сезона да се потрошат малце повеќе пари, да се направи шампионски тим.
Мора да се пресече линија. Со купување на неколку врвни фудбалери потоа ќе се задржат и најдобрите од тековниот состав.
Ако не се појачаме, и недајбоже да не се пласираме во ЛШ тогаш на лето РВП сигурно заминува. И кој губи тука?
Мора да се покаже дека имаме амбиција за титула.
Мораше да се деси потопот од манчестер за да се купат 5 играчи.
Зашто не се зетоа тие пред почеток на сезона, да имаат време да се уиграат.
ако се планираат играчи за овој трансфер период тие треба да се земат одма, а не да се чека последен ден, или откако ќе ни замини пола тим на африкански тим, да изгубиме две утакмици за ред со втор тим, и тогаш да се земат играчи.
Не ми се свиќа тоа што ептен се најдуваме во информативен мрак.
Од едена страна велат дека арсенал има многу пари, потоа велат дека не можат да се носат со шити и остали во купување, па венгер вели дека тој и тој играч е прескап. Нека излезат и јасно нека кажат, имаме или немаме пари, планираме да инвестираме или ќе играме со младинци.
Сите менаџери кажуваат јасно што мислат, венгер некако во изјавите ми гледа ко да е половичен, како да не сака до крај да каже, како да се плаши како ќе го свати управата.
За ова ми се свиќа евертон, викаат артета е добар играч, ама немаме пари и мора да продаваме. Со составот што го имаме без скапи залисувања ќе правиме тоа што ќе можеме.
Толку ли е тешко тоа.