Топче
Арсеналиста
- Член од
- 18 септември 2010
- Мислења
- 9.234
- Поени од реакции
- 14.576
У право си и не си у право. Го цитирам само овој дел пошто репликата е на ова.Друго за овој трансфер период да речеме да донесеме играчи. За лев бек точно е ни треба играч за тамо и даде клубот пример 10м за “класа“ играч. Што ќе се прави кога ќе се врати Сантос? Кој ќе седи на клупа? И Гибс треба да се врати. Или пак десен бек да се донесе, ете Сања почнал да тренира. Ќе го седнете на клупа Сања ил иновиот. И заошто тие новите би биле подобри од сегашните? За средина гледам плаќете по Гуркоф, Геце итн. А што ќе правите со Сонг, Артета, Вилшир..... За нападможеби тука е потребно плус играч но само на кратко не со долгорочен договор.
Прво за лев бек, мене ако ме прашуваш треба долгорочно решение кој би бил конкуренција на Сантош. Гибс се на се нема изиграно 20 натпревар у последните 3 сезони, дечкото е пре склон на повреди и таквите играчи треба да ги дадеме, не ни требаат (Гибс, Диаби итн)
Десно, само Сања го имаме, Џенкинсон му е недостојна замена меѓутоа ајде ќе идеме по тој муабет дека е млад и ќе научи бла бла бла а све тоа не кошта на натпревари - заклучок грешка беше што го дадовме Ебуе на пример.
Средина, кога би имале можност да го донесеме Геце, не би се двоумел макар и некој од сите што ги имаме седна на клупа. Сонг Вилшир и Геце со резерви ко Кокелин, Ремзи и Артета би била добитна комбинација.
За нападот, ни треба и те како долгорочно решение, Парк е дрво неможе ни за резервите да даде гол, Шамак исто така. Ни треба замена на РВП - факт.
И дајте доста со тие муабети кого ќе седнеме на клупа ако дојде овој ко да треба да ги жалиме. Конкуренцијата е секогаш добродојдена, на клупа ќе седи тој што е у полоша форма и крај на муабетот.
Никој не бара 100 милионски засилувања ама сами видовте тие искусни играчи што ги земавме последниот ден од трансфер периодот колку сменија така да уште 2-3 искусни играчи со по 27 години, и Геце по можност и имаме тим за титула.
Ова го зборам за у лето пошто и повеќе од јасно ми е дека сега нема да купиме никој.