Фан Клуб: Арсенал

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.546
Мора да се земе напаѓач во јануари. Жесус пимплачот не можам да го гледам веќе
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Требаше некој да им каже на играчиве дека губевме, изгледаше ко да чуваат резултат
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.125
Поени од реакции
13.228
Ове веќе премногу фрустрира, 30 шута а 0 гола. Тотална стерилност во нападот, ова ни е огромен проблем цела сезона, тек сега ќе доаѓа до израз ако ништо не се смени. Особено кога триото позади шпицот не е во форма и не можеш да се потпреш на нивни голови, ќе остане само да се надеваме на голови на Салиба и Габриел од прекин...

Патем Одегард од петни жили се потруди нешто да креира. Реализаторски и тој е паднат, ама шансите што ги креираше на мал простор беа единствена светла точка денес, али ептен пирово беше се.

1703801780666.png
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Џабе го барав Нелсон :LOL:, ама ЈБГ на живци ми иде Мартинели последниве утакмици, особено минатата со Ливерпул.

Ме плаши сериозно длабочината на ростерот. Моментално ван форма се Жесус и Мартинели и нема кој да истапи. Исто беше и со Одегард пред некој месец. Зинченко си е исто приказна за себе, типчето колку да е добро офанзивно има 0 концентрација. Ќе не кошта неколку бодови гарант, а нема кој да игра наместо него.

Ама па и може треба да се проба нешто ново...Хаверц у напад, ЕСР поповлечен...што знам. Некако на мускули играме па сакам некоја промена да видам. ама знам дека Артета си има зацртано како треба тимот да изгледа и нема да отстапи од тоа. ЈБГ ќе видиме што ќе биде. Некако пак ме плаши Сити и нивниот замав од фебруари па натаму како последниве 2-3 години, па затоа сум критички настроен и сакав да бегаме повеќе, а да имаме подобар финиш на сезоната. Не е дека сме катастрофа. 2 бода од 1во место...едно нерешено.

Иначе и лани јако ни го начукаа В.Хем. Баш коа тргнавме низ брдо, ни се вратија од 2-0 на 2-2 и се после тоа во сезоната беше потоп. Еве и сега...прв пораз дома.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Вчера Вест Хем не доби тактички и заслужено изгубивме. Али пак неможам да не споменам дека само на факинг Арсенал може да му се деси да нема можност да се докаже дали е гол аут топката или не, стварно не ми е јасно. Билионски бизнис ама има еден факинг агол и можност за разгледување на ситуацијата при првиот гол. Стварно сме несреќни! Да не беше тоа ќе ја добиевме 100% сум сигурен
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.360
Поени од реакции
12.773
Да беа достапни Томијасу и Хаверц или Парти ништо немаше да направи Вест Хем, ниваната тактика е иста со години назад, се бранат со 11 луѓе и чекај на контри или некој прекин/корнер за гол да постигнат.
За да им парираш на ваквите тимови, односно да им држиш посед и кога ќе изгубиш топка одма да ја освоиш ти требаат атлети во првиот ред од одбраната.Кај нас вчера играа Тросард и Зинченко на иста страна, мивки невидени, само Рајс,Салиба и Габриел можеа да им парираат во пргавост,брзина и скок игра на нападот на Вест Хем.

Несреќен пораз,јбг, два среќни гола ни шибнаа тоа е, move on.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Дечки, не се во форма сите тројца напред, а замени немаме.

Колку и да не го сакате Нкетиа, мораше да влезе порано вчера, а воедно Артета има вина што низ текот на сезоната не му дава повеќе шанса на Нелсон на пример, и после очекува да влезе и без доволно минути да реши нешто. Мора на некои натпревари да игра или да влегува повеќе Нелсон, па и некои од младите играчи да осетат како е, може ќе притреба некој од нив.

Вака без разлика во каква форма се тројцата напред, знаеш дека ќе стартуваат.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
558
Поени од реакции
1.019
Тешко вака до пресврт, уште потешко до титула.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Гарант Ремздејл го проколнал Артета, друго објаснување немам...

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
А бе какво колнење... Цела сезона играме на мускули. Од прво коло! Затоа и кукавме овде за трансферот на Хаверц првите месеци, затоа што површно течноста и недостатокот на шанси ги препишувавме на тоа.
Сега полека се префрливме на формата на Мартинели, Жесус и кој друг не...па мислиме дека треба напаѓачи нови, нови средњаци и што уште не. Цела сезона не е во форма пола екипа. И што ни кажува тоа? Формациско-тактички проблеми...ништо друго. Има квалитет во играчите!
Panic buy е нешто што не треба да го правиме зимава. Ниеден трансфер(и) нема до титула да не донесе.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.125
Поени од реакции
13.228
Сака е ужасен. Какви само шанси изнапромаши, при дриблинг го читаат ко мало бебе, голот исто за малку ќе ја промашеше лошо ја зафати. Не ни имаме замена за него. Скроз сме зависни од формата на Одегард, Сака и Мартинели, ако они се дупе, Арсенал е тим за втора половина на табелата (гледаме и во купивте кога играме со втора постава).
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
558
Поени од реакции
1.019
Мириса дека Ливерпул ќе даде гол од контра и ќе замрзне така резултатот. Ужас реализација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom