За талентите имам целосна доверба во Венгер... И не жалам за талентите, бидејќи знам дека ако вределе Венгер ќе ги задржи...
--- надополнето: Jun 19, 2011 10:43 PM ---
Капитенот на Арсенал, Сеск Фабрегас е многу блиску до трансфер во својот матичен клуб Барселона. Лондонскиот тим денеска и официјално потврди дека преговорите за трансфер на Шпанецот се веќе започнати, но дека сега засега се уште нема понуда од страна на „каталонците“. „Да, тие зборуваа со нас за Фабрегас“, изјави денеска претседателот на Арсенал, Питер Хил Вуд за весникот „Сандеј Мирор“. „Ние сме во контакт, но тие се уште не испратиле никаква конкретна финансиска понуда и ние не сакаме да го пуштиме да си оди. Тој доаѓа од Барселона, па така разбирливо е што сака да се врати. Како и да е Барселона се уште нема доставено официјална понуда“, дополни првиот човек на „топџиите“.
Фабрегас и минатото лето беше пред трансфер во Барселона, но менаџерот Арсен Венгер ја одби 40 милиони евра вредната понуда и успеа да го убеди својот капитен да остане на „Емирати“. Очигледно по уште една сезона без трофеј фудбалерот од средниот ред повеќе не може да чека и е решен повторно да се врати во својатата татковина. Претседателот на Барселона, Сандро Росел најави уште пред неколку дена дека вредноста на Фабрегас ова лето е многу помала во однос на лани и дека тимот нема намера повторно да понуди 40 милиони евра.
Интересно е тоа што Барселона е во големи долгови и буџетот за нови трансфери ова лето воопшто не е голем. Европскиот и шпанскиот шампион е во преговори со Удинезе за трансфер на Алексис Санчез, а тука е интересот и за Џузепе Роси од Вилјареал, што значи дека некој од нападот на Барселона ова лето ќе мора да го напушти „Камп Ноу“. Според шпекулациите, најблиску до такво нешто е Давид Вилја, кој најверојатно ќе им биде понуден на Челзи и Манчестер Сити.
Извор: Многоо, спорт