Обично викаат 100 пати направи нешто како што треба, еднаш згреши и сите ќе те памтат по грешката. За Венгер е обратно, сто утакмици да утнал ако освои фа куп одма е цар.
Не знам што толку значи купов искрено, освен историско и традиционално значење како најстарото натпреварување не гледам некој бенефит од освојување освен што повремено е добар за да се истрчаат младинците против полупрофесионални екипи од лига2 кои штотуку добиле терен со пластична трева.
Нека тоа, утакмицата добро се покажавме. Освен падот што го имавме од почеток на второ до кај 70-та минута солидна партија имавме. Судијата беше тешко говно и даваше жолти за глупости, а челси ги оставаше освен очигледните на Мојсеј. Пример јас попрво би го исклучил Коста, а на Канте ни жолт не би му дал.
Пер ептен сталожено и добро одигра дури имаше и една шанса на почеток. Начо мора да олади малку со стартовите и Белерин да научи да шутира на гол. Озил пред да му се понуди договор треба да потпише изјава дека ќе работи најмногу кондициони тренинзи и брзина. Не може бре пет метри предност да ги губи од шеснаесетникот до петерецот и после 60та да се влече по терен. Чембрлејн не заслужи да го извади, а Велбек мора да работи на финишот. Исто така мора да работат на пресингот. Челси со црвен картон правеа пресинг и дадоа гол затоа што игравме ко побркани и не можевме да префрлиме топка.
Би сакал да видам нов менаџер ама тешко да се случи тоа. Исто би сакал Оспина да го шутнеме и да го вратиме Војче и тоа со првотимски статус. Чех е одличен голман ама е многу несигурен со топка во нозете, а и уште сезона или две верувам ќе оди во пензија. Исто така треба да престанеме со дечишта ко кембел, аделаид, саного и незнамтикој анонимус со ноџиња ко бамби. Во новата сезона ни треба еден добар напаѓач и плус жиру и перез како замени и ни требаат шутови од надвор од шеснаесетник како што знаеја полди и росицки да шутираат.
Гледам некој рече спарси со кур во рака биле, а ние јаките освоивме фа куп во конкуренција со престон, нотингем форест, нотс каунти. Ако се тешиме со тоа што спарси биле без титула нема ни да дочекаме многу.