Резултатот одличен. Играта просечна..
Пак се гледа каде ни е слабата точка...одбраната а и без Фабрегас во тимот едноставно немаме доволно кретивност... му се погоди денес денот на Аршавин и по мене најдобар поединец кај Арсенал заедно со Вилшир..
Ајде по ред сега да почнеме...
Фабиански беше добар за разлика од неговата вообичаена игра... повторно делува нервозно на моменти..
Одбраната се надевам дека во овој состав во иднина на важен натпревар нема да игра... се гледа кај Џуру долгото отсуство од терените, едноставно има загубено од брзината и осетот за игра... Скилачи се извади со голот иначе имаше еден кикс кога проба да му ја врати на Фабиански со глава во прво полувреме. Гибс пеналот го направи сосема непотребно (знак за неговото неискуство) но беше добар кога одеше напред...
Сонг... ах тој Сонг стварно незнам што да кажам... лани беше мн мн подобар за разлика од овие неколку натпревари годинава. Незнам дали тоа е сугестија на Венгер но приметете како Сонг се обидува да оди напред и пробува да креира акција (денес имаше безброј грешки во додавањата на тој начин)... едноставно човекот нема осет за тоа и многу многу подобро би било само кога би останувал позади и да ги сече противничките акции... имаме многу покреативни играчи од Сонг (Росицки, Вилшир, Насри)
Денилсон просечен, имаше некои добри стартови посебно во првиот дел некако се загуби во второто полувреме... Росицки некако многу беше мирен за разлика од тоа како игра... добар пас за Шамак за пеналот.
Вилшир се повеќе и повеќе ме импреисонира... многу ме потсеќа на Фабрегас кога се пробиваше во тимот на 17-18 години. ја има истата желба како и Фабрегас тогаш, има кретивност кај него знае да повлече и што ми е најбитно никогаш нема загубен дуел.
Аршавин беше по мене најдобар... Освен пеналот кој што го изведе лошо беше секогаш во центарот на нашите акции. најдобар на натпреварот по мене
Шамак солиден. Имаше баеги изгубени воздушни дуели но секогаш успеваше да загради топка и да проигра напред... многу важен играч за нашата игра... и повторно пенал над него (кој е веќе сезонава 3 или 4).. значи човекот е мајстор да се постави во 16те метри и да изнуди пенал... заслужено постигна гол
Заслужено победивме (иако црвениот беше престрого доделен) и среќен сум што веќе имаме 6 бодови од првите два натпревари.
Сепак играта мора да се подобри доколку сакаме победа над Челзи (мислам дека можеме)
И секако се надевам Вермаелен и Фабрегас ќе играат против Челзи викендов...
Напомена: Ова е само мое мислење доколку не се сложувате со ова немора да навредувате туку дискутирајте.
Горе доле се сложувам со постот, само би додал за Вилшир мислам дека е доста поагресивен од Цеск посебно дефанзивно. На Цеск проблемот му била дефанзивната игра каде што во последно време се имаше поправено, а Вилшир пак е доста агресивен и не се помирува со изгубен дуел. Е сека пасот што го има Цест Вилшир сеуште го нема но е доста близу. Само малку треба да се смири затоа што на моменти знаае да е и преагресивен непотребно.
За Сонг и јас приметив дека оди многу напред но тоа сум приметил дека го прави кога Вилшир е во игра, откако излезе Вилшир се врати поназад. Дали поради тоа што Вилшир е побрз па повеќе се враќа назад поради брзината незнам.
Фабиански не беше лошсамо што направи 2-3 глупави излегувања каде што имаше играч. Дали од паника незнам но сепак пак ќе кажам дека не е за Арсенал иако беше солиден посебно второ пред крајот кога го одбрани пеналот и еден добар рефлекс.
Шамак според менеодигра многу добро значи знае да загради и никогаш не се обидува да се докаже сам туку игра доста колективно што е добро за тимот но сепак некогаш може и сам да проба да направи подор, скоро секоја топка му е пас. Али можеби се чува несака да се експонира од одма што доколку е така паметно од него.
За Гибс се повеќе и повеќе ми се свиѓа овој играч и мослам дека Клиши треба да се подзамисли малку и да е до мене би го ставал и како прва опција. За пеналот не би му замерил а и мислам дека беше надвор од 16 само еднаш повторија од подобар агол но не приметив баш.
Џуру изигра на релативно полесна утакмица така да мислам дека не ебаш за прв избор според мене.
Насри влезе покасно но кога се заедно со Росицки мислам дека доста добро комуницираат сум приметил на повеќе натпревари како имаат повеќе пасови меѓу себе.
Сепак одлично имаме 6 бода и мислам дека дефинитивно борба за местото ќе биде помеѓу нас и Шахтјор, а Брага и Партизан ќе се борат за 3то место иако има уште 4 утакмице и рано е да се прогнозира.
И браво за голманот на Партизан бранеше одлично и е еден од најзаслужните што не постигнавме повеќе голови.